Достапни линкови

Средношколците учат како да бидат коректни навивачи


Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски објаснува дека полициските службеници превентивно се обидуваат да ги соочат младите со проблемот со насилство на спортските терени.

Тетовската полиција трета година по ред го спроведува превентивно-едукативниот проект „Навивај спортски - за меѓуетнички соживот и толеранција“, со што се прави обид да се спречат насилствата на спортските терени и да се подобри меѓуетничкиот соживот. Целна група се средношколците во Тетово и Гостивар кои најчесто се присутни на спортските натпревари, но и најмногу учествуваат во инцидентите меѓу навивачките групи.

На предавањата што ќе ги одржуваат обучени полициски службеници, најмладите средношколци поблиску ќе бидат запознаени со одредбите на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски објаснува дека полициските службеници превентивно се обидуваат да ги соочат младите со проблемот.

„Со предавањата ќе бидат опфатени околу 4000 ученици во прва година од средните училишта. На предавањата што ќе ги одржуваат обучени полициски службеници, најмладите средношколци поблиску ќе бидат запознаени со одредбите на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, како и со предвидените казни и последици за предизвикување или учество во инциденти, пред, во текот и по завршувањето на натпреварите“, вели Јосифовски.

Да не се пишуваат пораки со навредливи содржини за противникот. Доколку дојде до навредливи пораки може да дојде до некои инциденти.

Резултатите треба да се добијат во иднина, конкретно со намалување на бројот на инциденти. Во разговор со учениците се уверивме дека тие запомниле што им кажаа полициските службеници. Останува на нив да ги следат препораките и на натпреварите да се однесуваат согласно правилата и прописите.

„Полицаецот кога дојде кај нас на час држеше предавања како учениците, посебно средношколците, треба да се однесуваат на спортските натпревари. Ако некоја група ученици или кој било отиде на натпревар, треба да се однесува коректно кон другиот тим. Не треба да се фрлаат на пример некои пиротехнички средства.“

„Да не се пишуваат пораки со навредливи содржини за противникот. Доколку дојде до навредливи пораки може да дојде до некои инциденти.“

„Доколку навивачот направи некој инцидент во спортската сала, тогаш може да добие казна најмногу до 500 евра“, велат учениците.

По предавањата, учениците од различни наставни јазици конкретно ќе покажат што научиле. Планиран е турнир во одбојка, на кој ќе настапат нивни екипи, а дел учениците ќе бидат дел од публиката.

XS
SM
MD
LG