Достапни линкови

Бомба 13 - Плацови на Водно и уривањето на Космос


2015

2015

Разговори во кои, како што велат од СДСМ, премиерот Груевски се демантира самиот себе за земјиштето на Водно и за уривањето на објектот Космос, беа презентирани денеска како 13 „бомба“ на опозицијата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска објави нови нелегално снимани телефонски разговори, кои, како што рече, докажуваат дека премиерот Никола Груевски е вистинскиот сопственик на имотот на Водно, за кои тој тврдеше дека не е вистина.

На денешната прес-конференција во партиското седиште во Скопје, Заев презентираше разговори меѓу Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои тие разговараат за спорните парцели за кои беше потребна промена на ДУП-от и на ГУП-от, односно земјиште од Парк-шумата Водно да се пренамени во градежно.

Нов ДУП Панорама.

Нов ДУП Панорама.

Ќе слушнете како Груевски го демантира Груевски, рече Заев, посочувајќи на владината реакција по прес конференцијата на која тие објавија телефонски разговори во кои наводно се слуша како Груевски нарачува промена на деталниот урбанистички план поврзани со парцели на Водно и тоа за лична корист. Од владата тогаш реагираа дека премиерот нема ништо повеќе од тоа што го пријавил во имотниот лист.

Во разговорите пуштени денеска опозицијата тврди дека Груевски лично нарачувал како да изгледаат парцелите на Водно, кои како што велат од СДСМ били на фирма од Белизе во сопственост на неговиот кум. Неколкуте разговори, меѓу, како што тврдат од СДСМ, Груевски и Јанакиески, се слуша како се договараат средби за дополнителен брифинг, околу работите поврзани со земјиштето на Водно, детално се зборува и за квадратурата на парцелите, за генералниот урбанистички план, за тоа каде конкретно да поминува патот.

Груевски не сфаќа дека нема повеќе ни верба, ни доверба во него. Остануваат само оние што му се плашат и што имаат корист од него.

„Сега Никола Груевски врви низ Македонија, играјќи на две карти, со молби и закани, ако ова за што моли не му биде прифатено. Груевски не сфаќа дека нема повеќе ни верба, ни доверба во него. Остануваат само оние што му се плашат и што имаат корист од него“, рече Заев.

Потоа беа објавени сет разговори, меѓу, како што тврдат од СДСМ, Груевски и Јанакиески и за објектот Космос на Фијат Цаноски. Со овие разговори ќе се потврди дека Груевски лаже во изјава за објектот Космос по објавувањето на „бомбата“ на Заев, кога тој вели дека постапката е законска.

Комплексот Космос во изградба.

Комплексот Космос во изградба.

„ А кој лаже, тој и краде“, рече Заев.

Како што велат од СДСМ, во разговорите се слуша како Груевски му признава на Јанакиеска дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле неправилности во објектот, а се со цел за да се спасат од одговорност градоначалниците на Општина Гази Баба и на Град Скопје, кои веќе му дале дозвола за градба. Груевски и Јанакиески се договараат што да измислат за да го држат Цаноски во неизвесност, а од друга страна, како што велат во разговорот од Цаноски добиле најразновидни ветувања, само за да се спаси.

„Ретко кој вака бил исплашен. Не да е посран, му тече низ панталони“, вели како што велат од СДСМ Груевски за Цаноски.

Заев повтори дека пратениците од СДСМ нема да се вратат во Собранието.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG