Достапни линкови

Сомнителна леснотија за промена на ГУП и ДУП


Со деталните урбанистички планови е пробиен генералниот урбанистички план, односно се предвидува градење објекти во Парк-шумата Водно.

Дали деталните урбанистички планови кореспондираат со генералниот урбанистички план на Град Скопје проверува и одобрува Министерството за транспорт и врски, велат експертите. Ако во случајот се предвиди нешто како пробивање на границата на ГУП-от, особено кога се работи за границата Парк-шума Водно, тогаш е направен преседан и тоа треба да се осуди, вели архитектот Даница Павловска.

Се вметнува домување, мала станбена зона, не е битно, на едното место помала површина, на другото место поголема површина, којшто ја пробива границата, тоа значи дека се наоѓа во Парк-шума Водно.

СДСМ на објавувањето на последната таканаречена бомба обвини дека носењето на дватата урбанистички планови во Општина Центар, Тасино Чешмиче 1 и Капиштец-Водно биле за задоволување на мегаломанските афинитети на премиерот Никола Груевски. Во првиот е предвидена изградба на десеткатници, а во вториот објекти за семејно домување. Според Павловска, урбанистичкиот план Капиштец-Водно ја пробива границата на Генералниот урбанистички план.

„Се вметнува домување, мала станбена зона, не е битно, на едното место помала површина, на другото место поголема површина, којшто ја пробива границата, тоа значи дека се наоѓа во Парк-шума Водно“, вели Павловска.

За десеткатниците мора да се изјаснат многу структури. Се работи и за аспект животна средина, значи спречување на струење на воздух, менување на урбаната силуета, значи социо-аспект во смисла на концентрација на население, значи и сообраќајна и секаква друга инфраструктира што треба да ги сервисира.

На Тасино Чешмиче 1 проблемот е многу послоевит и покомплексен, вели таа.

„За десеткатниците мора да се изјаснат многу структури. Се работи и за аспект животна средина, значи спречување на струење на воздух, менување на урбаната силуета, значи социо-аспект во смисла на концентрација на население, значи и сообраќајна и секаква друга инфраструктира што треба да ги сервисира. Тоа е толку тежок проблем да никако да смее туку така да се вметне во планот без еден истражувачки временски период“, вели Павловска.

Самото носење на плановите минатата година беше спорно, бидејќи 11 советници гласаа за и 11 против, а претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ беше воздржан. Тогаш градоначалникот Андреј Жерновски изјави дека не може на таков начин да се донесуваат одлуки.

„Не може да бидат донесени никакви акти на Советот ако има еднаков број на гласови за, еднаков број на гласови против и воздржан“, рече Жерновски.

Павловска додава дека донесувањето на дуповите од овој вид не може да се донесуваат само на ниво на општина.

„Кога се работи за јавен интерес, граѓанинот треба да е вклучен, дури по соодветна претходна анализа на она што се предлага и општината, да, одлучува, затоа тука е неговиот интерес, локалната управа треба да го штити интересот на граѓанинот пред сè. Во овој случај не само граѓанинот на Општина Центар, туку граѓанинот на Град Скопје, затоа што тука е субјект Град Скопје, за Град Скопје е битен простор Парк-шума Водно и не само за градот Скопје, туку воопшто од аспектот животна средина“, вели Павловска.

За опозицијата спорно беше и донесувањето на Генералниот урбанистички план на Град Скопје во 2012 година. Тогашната советничка на СДСМ, Софија Куновска вели дека градоначалникот Коце Трајановски уште при носењето на нацрт планот ја прекршил процедурата. Според неа, сега е јасно зошто ГУП-от бил донесен без ревизија и без ажурирани податоци, и зошто експертите сметале дека е неупотреблив и покритие за никој да не се придржува кон него, а со тоа да се манипулира и со деталните урбанистички планови.

„Да, заради тоа што во моментот направи нова поделба на квартови, значи границите меѓу општините дотогаш не беа постоечките и за да се направат новите детални урбанистички планови, прво тоа беше огромна работа за они куќи коишто се занимаваат со оваа изработка, огромен бизнис, а второ тоа беше шанса во којашто ќе може да се остави празен простор во којшто нема да се почитуваат“, вели Куновска.

Вредноста на локациите, според СДСМ, е 5 милиони евра.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG