Достапни линкови

logo-print

Политичката криза – главна тема во днениот печат


Главна тема во весниците е аферата „Прислушување“ и политичката криза во Македонија.

Вечер оди со подбивен наслов за наводната криза во СДСМ: „Три излези од кризата во која е СДСМ - 1. Автобуска станица, 2. Железничка станица, 3. Аеродром“. Според извори на Вечер, во СДСМ наводно имало жестоки разногласија и препирки дали целосно ја промашиле стратегијата и зошто бомбите им одекнале, според весникот, само во мали, за нив блиски кругови.

Бомба пукна во Струмица - Во презентираните разговори најмногу се зборува за локалните избори во Струмица и наводни манипулации со лични карти,

Во меѓувреме, „Бомба пукна во Струмица - Во презентираните разговори најмногу се зборува за локалните избори во Струмица и наводни манипулации со лични карти“ - информира Утрински. Од истиот настан, Слободен печат оди со наслов: „Изборна кланица - во Струмица нема фирма што не е рекетирана!“

Слободен печат го цитира портпаролот на СДСМ, Шилегов, кој на плацот на Водно, што наводно го бендисал Груевски, одржа прес-конференција за новинарите. Насловот гласи: „Домаќине, лоши гости ти дојдоа, да видат што е џабалак!“

Заев и Радмила ги продадоа Македонците, а и дипломатите кренаа раце од нив - биле на баци рака во ДУИ, па извисиле кај странците.

Се чини дека Вечер ја води главната битка со опозиционерите. Еве некои од насловите објавени во изминатата недела: „СДСМ сè уште молчи за случајот со поткупот, доказите предизвикуваат параноја кај Заев“; „Скандалозно: Шеќеринска призна пазарење да нема истрага за затајување данок“; „Заев и Радмила ги продадоа Македонците, а и дипломатите кренаа раце од нив - биле на баци рака во ДУИ, па извисиле кај странците“.

Вечер оди со оценка на експерти за говорот на Груевски на партискиот собир во неделата во Скопје: „Груевски имаше силен и обединувачки говор, со силни пораки за националните витални интереси“.

Утрински и Нова Македонија објавуваат дека „На 26 април ќе се одржи референдум во Општина Центар за стариот изглед на ГТЦ“.

Слободен печат информира дека „Ќе се мери вината на Телеком во масовното прислушување - Маѓар телеком почнува своја истрага за скандалот“.

Дневник пишува: „Калкулации за коалицирање со ДПА - Тачи не демантира влез во владата“. И двете партии на македонските Албанци имаат ист став за измените на Законот за личните карти: „ДУИ и ДПА ќе го искористат бадентеровото гласање за да стават вето на донесувањето на измените“ - насловува Утрински. Дневник вади заклучок: „ДУИ и ДПА не сакаат да се знае колку Албанци не живеат во Македонија“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG