Достапни линкови

Гинат бегајќи од Грција


Бегајќи од Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Во изминативе месеци стотици бегалци од сиромашните и со војна зафатени земји во Африка и Азија кои се обидуваат да заминат од Грција преку границата со Албанија и Македонија, гинат.

Емигрантите во импровизирани кампови во близина на железничката пруга кај Идомени ја чекаат нивната шанса.

Тука сум 20 дена. Сакам да ја минам Македонија и да одам во Европа. Во Грција нема работа. Сакам да живеам во Германија.
бегалец од Авганистан.

Некои се обидуваат да се прикрадат преку граничната контрола во возовите на релација Солун-Скопје, додека некои се надеваат дека во тоа ќе им помогнат, како што се наведува во репортажата на агенцијата Франс прес, македонски шверцери со луѓе.

„Тука сум 20 дена“, вели еден Авганистанец, додавајќи:

„Сакам да ја минам Македонија и да одам во Европа. Во Грција нема работа. Сакам да живеам во Германија“, вели тој.

Четиригодишната економска криза, ја зголеми невработеноста, но и ксенофобијата во Грција со што таа земја стана негостопримлива за емигрантите кои бараат подобар живот во Европа.

Осум години работев по нивите во Грција за 30 евра дневно. Сега поради кризата веќе нема работа.
бегалец од Авганистан.

Во минатата недела околу 200 бегалци од Сирија протестираа во Атина барајќи да им биде дозволено да заминат од Грција.

Од друга страна, други емигранти притиснати од сиромаштија и војни продолжуваат да доаѓаат.

Скоро 65 илјади биле задржани од полицијата од почетокот на годинава, што е 82 насто повеќе од истиот период лани. Најмногу, односно 28 илјади, се од Сирија.

Од 2006 досега во Грција биле уапсени околу 900 илјади емигранти за илегален влез и престој во земјата.

„Осум години работев по нивите во Грција за 30 евра дневно. Сега поради кризата веќе нема работа“, вели еден Авганистанец.

Една жена, пак, наведува дека била принудена да го напушти Камерун бидејќи исламистите го убиле нејзиниот сопруг.

Според најновиот извештај на Европската гранична агенција Фронтекс, македонските шверцери наплаќале меѓу 120 и 200 евра за префрлање до српската граница.

Слична шверцерска мрежа има и на грчко албанската граница која, пак, на емигрантите им нуди влегување во Италија преку морски пат.

Според Фронтекс, целиот трансфер преку копно ги чини емигрантите илјада и 800 евра, а преку море 3 илјади евра.

Повеќето од бегалците кои спијат на полињата околу Идомени имаа документи за привремен престој што им ги дале грчките власти.

Доколку таквите бидат откриени од полицијата тие се испраќале назад каде што се регистрирани.

Доколку бидат фатени во Македонија тие наидувале на многу понепријателски однос.

„Не не третираат како луѓе, туку како животни“, вели еден 24-годишен Пакистанец.

Грција, според законите на Европската унија, има обврска да спречи недокументирани емигранти да ја минат границата во други земји членки на Унијата.

Грчката полиција вели дека секојдневно враќала во Солун по 50 емигранти.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG