Достапни линкови

logo-print

Бизнисот со мигранти не запира


Архивска фотографија - Лојане кај Куманово.

Архивска фотографија - Лојане кај Куманово.

Расте бројот на економски имигранти кои минуваат низ земјава користејќи ја како транзит зона. Бизнисот со криумчарење мигранти стана многу исплатлив, а таа појава со себе носи и безбедносни закани, велат експертите.

Стотина мигранти од Мали, Авганистан, Пакистан, Сирија и Судан живеат во кумановско Лојане и чекаат шанса да ја преминат српската граница за да ја продолжат својата рута кон европските земји, вели претседателот на месната заедница Лојане Сељами Мехмети. Тој вели дека нема нови мигранти поради зимата. Оние кои останале во селото упорно се обидуваат да ја преминат српската граница, но по неуспешните обиди се враќаат назад.
Одат за Србија, ги враќаат од српската страна, се враќаат назад, значи не е како што беше да има околу 500, 1000 мигранти, не е така. Изгледа очекуваат нова група од Грција да дојде, така се зборува тука, некои од Сирија велат дека ќе дојдат.

„Одат за Србија, ги враќаат од српската страна, се враќаат назад, значи не е како што беше да има околу 500, 1000 мигранти, не е така. Изгледа очекуваат нова група од Грција да дојде, така се зборува тука, некои од Сирија велат дека ќе дојдат.“
Архивска фотографија - Имигранти од Авганистан кои живее во Лојане, 2012.

Архивска фотографија - Имигранти од Авганистан кои живее во Лојане, 2012.


Тој вели дека толку се навикнале на мигрантите што ги сметаат за свои соседи па на шега додава дека можеби ќе излезат и на избори.

„Може ќе гласаат за нас. Не е сега тешко, претходно беше, сега не е.“

Македонија како порозна точка во картата на движењето на мигрантите, нормално е раширена во криминалните организации и претпоставката е дека заради тоа се јавуваат и мигранти од нови земји кои токму оваа рута ја покриваат, значи преку Грција да доаѓаат во Македонија, преку Македонија одат во Србија, потоа Унгарија и влегуваат во Европската Унија.
Неодамна полицијата уапси деветмина имигранти при рутинска контрола на магистралниот пат Штип-Свети Николе. Во разговор со нив полицијата дознала дека тие нелегално ја преминале македонската граница и со помош на струмичанец кој за 20 евра ги превезувал до Велес требало да пристигнат до српската граница.
Од полицијата велат дека за превозникот е поднесена кривична пријава, а мигрантите се предадени во Прифатниот центар за странци.

Поранешниот шеф на разузнавање и професор Владимир Пивоваров вели дека е за поздравување секоја акција при која ќе бидат фатени имигранти, но тоа е само капка во морето, затоа што расте бројот на економски имигранти кои минуваа низ земјава користејќи ја како транзит зона.

„Македонија како порозна точка во картата на движењето на мигрантите, нормално е раширена во криминалните организации и претпоставката е дека заради тоа се јавуваат и мигранти од нови земји кои токму оваа рута ја покриваат, значи преку Грција да доаѓаат во Македонија, преку Македонија одат во Србија, потоа Унгарија и влегуваат во Европската унија.“

Бизнисот со криумчарење на мигранти стана многу исплатлив, а таа појава со себе носи и безбедносни закани, објаснува Пивоваров.

„Меѓутоа никој не може да ни тврди дека во економските емигранти нема некој инфилтрирани да кажеме членови на одредени терористички групации, затоа што и тоа е еден од модусите на работа на работа на терористички организации инфилтрирање на луѓе. И второто она што е многу битно е дека според кажувањата на жителите од липковскиот крај е дека кај овие лица кога доаѓаат носат со себе или пари или носат хероин, кој нормално од тие пространства е прва рака да кажеме чист хероин со кој се издржуваат за да стасаат до крајната дестинација.“

Според последните објавени податоци на Министерството за внатрешни работи во 2011 година се откриени се 27 кривини дела „криумчарење на мигранти“ кои ги извршиле 45 луѓе, шри што се откриени 173 мигранти. Станува збор за 33 Авганистанци, 18 Пакистанци, по 11 мароканнски и сомалиски жители и неколку алжирски, сомалиски, либиски и туниски граѓани.

За превозот на мигрантите во земјава им било наплатувано од 60 до 270 евра.

Според полициските анализи мигрантите привремено се задржуваат во земјава и ја користат како транзит зона.

Во видеото може да ја погледнете репортажата што ја сними екипата на Радио Слободна Европа во Лојане пред една година.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG