Достапни линкови

Акцијата Коридор не го запре криумчарењето мигранти


Архивска фотографија - Имигранти од Авганистан во македонското село Лојане, кај Куманово.

Архивска фотографија - Имигранти од Авганистан во македонското село Лојане, кај Куманово.

Нова група мигранти пристигна во Лојане, само еден ден откако полицијата уапси 15 луѓе за криумчарење мигранти. Според експертите, во борбата против мигрантите треба да се вклучат сите општествени фактори.

Нова група мигранти пристигнала синоќа во Лојане и покрај полициската акција Коридор во која беа уапсени 15 лица за криумчарење на мигранти. За цена од 150 до 300 евра криминалната група ги спроведувала мигрантите од арапските во западноевропските земји. Меѓу уапсените е и еден полицаец кој на криминалната група и давал информации за местото и времето на сообраќајните контроли на патиштата.
Но не ги фатија сите организатори, има уште два-тројца кои не се фатени. Го уапсија само тој главниот, не знам како се вика, само него го зедоа, како и седум луѓе од Лојане. Емигранти не уапсија, тие побегнаа оти се плашат, но 30-40 нови дојдоа синоќа.

Претседателот на месната заедница Лојане Сељами Мехмети вели дека акцијата само придонела да избегаат мигрантите кои веќе биле во селото.

„Но не ги фатија сите организатори, има уште два-тројца кои не се фатени. Го уапсија само тој главниот, не знам како се вика, само него го зедоа, како и седум луѓе од Лојане. Емигранти не уапсија, тие побегнаа оти се плашат, но 30-40 нови дојдоа синоќа.“
Жители на селото Лојане кај Куманово.

Жители на селото Лојане кај Куманово.


Професор Владимир Пивоваров вели дека е за поздравување секоја акција на полицијата, но со тоа минимално се спречува појавата.
Организиторите се многу поголеми структури претпоставувам, овие е едно ниско ниво на организација на лицата кои се уапсени. Меѓутоа ако денеска поминете во кумановско Лојане, Ваксинце, Слупчане, верувам дека бројката е над 4.000 лица кои таму се наоѓаат.

„Организиторите се многу поголеми структури претпоставувам, овие е едно ниско ниво на организација на лицата кои се уапсени. Меѓутоа ако денеска поминете во кумановско Лојане, Ваксинце, Слупчане, верувам дека бројката е над 4.000 лица кои таму се наоѓаат. Организаторите ги бираат најслабите точки на рутата на патот до конечната дестинација, токму затоа Грција слабо заштитена од тој аспект, Македонија е изберена, ние сме веќе околу овој бизнис, односно транспортот на лица низ територија на Македонија апсолутно неефикасни, затоа што реалната слика на терен го покажува спротивното.“

Според Пивоваров, потребно е да се вклучат сите општествени фактори, а не само товарот да падне врз полицијата.

„Бидејќи полицијата е само еден сегмент во оваа работа, значи полицијата уапси една група, меѓутоа веќе утре тие се пополнуваат со нови играчи, нови лица веќе влегуваат, каналот продолжува. Лошо е тоа што минатиот месец Европол упати сериозна критика до Македонија, а пофалба до Србија, затоа што Србија за година дена имаше откриено повеќе од 6.000 мигранти кои имале намера преку Србија да дојдат до европските земји.“

Експерите порачуваат дека вината е и кај грчките погранични органи кои сите групи откриени на нивна територија илегално ги префрлуваат во Македонија и им ги одземаат документите, при што нашите власти не можат да ги вратат во земјата од каде што дошле.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG