Достапни линкови

Една историја, различни политички погледи


Ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Партизаните на чело со Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски пречекани од народот во ослободено Скопје.
Ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Партизаните на чело со Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски пречекани од народот во ослободено Скопје.

Како ги почитувате своите празници, така ќе ве ценат и во светот, вели историчарот Тодор Чепрганов.

Историчарите укажуваат на нелогичниот однос на државата кон тековините од НОБ испровоцирани од последните меѓусебни препукувања на политичките партии по повод 13 ноември во кои тие истакнуваат дека се наметнува искривена слика за антифашистичката војна.

Тоа се датуми што треба да ги обединуваат сите оние народи што живеат денеска на територијата на Република Македонија. Едноставно, тоа се празници што им припаѓаат на сите политички партии и на сите граѓани кои живеат во Македонија и како такви треба да бидат почитувани.
Тодор Чепреганов, историчар.

Станува збор за датум кој се одбележува како празник на граѓаните на Скопје кога нацистичка Германија ја напушти Македонија и ваквите празници не треба да се политизираат, бидејќи тоа внесува раздор меѓу граѓаните, вели историчарот Тодор Чепреганов.

Споменикот на Ченто во Скопје.
Споменикот на Ченто во Скопје.

„Тоа се датуми што треба да ги обединуваат сите оние народи што живеат денеска на територијата на Република Македонија. Едноставно, тоа се празници што им припаѓаат на сите политички партии и на сите граѓани кои живеат во Македонија и како такви треба да бидат почитувани“, вели Чепреганов.

Историјата е единствена без разлика дали се работи за една или за друга партија не навлегувам во тоа. Мислам дека е дел од политичката реторика и тоа се нивни проблеми, пропаганда и предизборни или изборни поени.
Новица Велјановски, историчар.

Во Македонија по распадот на поранешна Југославија некои луѓе имаат впечаток дека во заборав отидоа и НОБ и партизаните и дека на ова се сеќаваат само уште претставниците на борците и историчарите. Да не беше тоа така, овој датум ќе беше неработен ден и голем празник, а не датум за кој партиите ќе се препукуваат, велат тие.

Историчарот Новица Велјановски вели дека тоа се должи повеќе на политизацијата на антифашистичките празници која е многу изразена. Тој вели дека и споменичните обележја исто така не се имуни на оваа политизација.

„Сите тие караници не првпат се случуваат, но јас не мислам дека е во ред таквото препукување меѓу партиите, бидејќи историјата е единствена без разлика дали се работи за една или за друга партија не навлегувам во тоа. Мислам дека е дел од политичката реторика и тоа се нивни проблеми, пропаганда и предизборни или изборни поени“, вели Велјановски.

13 ноември се одбележува како празник кога борците од 42-та и 50-та Народно-ослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Историчарите порачуваат дека денес не смеат да се заборават вредностите на антифашистичката војна. Секаде во светот се одбележуваа анти фашистичките датуми дополнува Чепреганов.

„Само за пример би го посочил вчерашното чествување на британските воени гробишта во Скопје, што направија Британците во спомен на нивните загинати војници во текот на Првата светска војна, значи настан кој е одигран пред сто години. И затоа како ги чествувате и како ги почитувате своите празници, така ќе ве ценат и во светот“, вели Чепреганов.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG