Достапни линкови

За Илинден патриотизам, пораки до Европа и до опозицијата


Покрај нагласувањата на цврстината, континуитетот и неменливоста на идентитетот од целиот државно-владин врв, Груевски упати и порака до европските лидери дека е време да погледнат со поголемо внимание кон Македонија.

Пораки за цврстината на македонскиот идентитет и за вековноста на името денеска по повод двата Илиндена испратија премиерот Никола Груевски, шефот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Поставуваат прашање што веќе е одговорено, несвесни дека секогаш ќе се соочат со истиот недвосмислен одговор. Одговор што го дадовме на третиот Илинден, на 8 септември 1991 година.

Иванов, зборувајќи во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, рече дека некои сè уште живееле во илузии и барале одговор на македонското прашање без Македонија и без Македонците, без македонскиот јазик и без македонскиот идентитет.

„Поставуваат прашање што веќе е одговорено, несвесни дека секогаш ќе се соочат со истиот недвосмислен одговор. Одговор што го дадовме на третиот Илинден, на 8 септември 1991 година. Како што илинденците се бореа против ропство за слобода, како што асномците, борејќи се против фашизмот и нацизмот, се изборија за држава, така и ние, борејќи се за правда и за човечко достоинство, ќе се избориме за напредна, европска и евроатлантска Република Македонија“, истакна Иванов.

Некој и денес сака да не се викаме така како што со векови сме се викале и да не бидеме она што од секогаш сме биле. Затоа од ова место, тука, од Мечкин Камен гласно порачувам дека Македонија била, е и ќе биде Макеоднија! Македонскиот народ бил, е и ќе биде македонски народ.

Вељаноски, во својот говор на Мечкин Камен, оцени дека било парадоксално, но, како што рече вистинито, дека македонското вековно име било и нашиот најголем проблем.

„Некој и денес сака да не се викаме така како што со векови сме се викале и да не бидеме она што од секогаш сме биле. Затоа од ова место, тука, од Мечкин Камен гласно порачувам дека Македонија била, е и ќе биде Макеоднија! Македонскиот народ бил, е и ќе биде македонски народ. Остануваме цврсти во нашите намери да ја афирмираме вистината за Македонија! Со истата силина сакам јасно и гласно да порачам дека остануваме подготвени за натамошен развој на дијалогот со нашиот јужен сосед“, рече тој.

Европа не смее интересот да го става над принципите и вредностите. Така само ги потхранува скептиците кои демнат над нејзината причина за постоење и темелите на кои таа треба да почива.

Груевски, пак, кој се обрати во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, рече дека Македонците имаат свој македонски јазик, автентична македонска култура и дека немаат никакви претензии кон Грција или кој било друг сосед. Тој нагласи и дека проблемот на Македонија не бил само, како што рече, наш проблем, туку и европски.

„Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение, длабоко се лаже. Игнорирањето само го помага проблемот да се зголемува и продлабочува, а не го решава. Европа не смее интересот да го става над принципите и вредностите. Така само ги потхранува скептиците кои демнат над нејзината причина за постоење и темелите на кои таа треба да почива“, рече тој, додавајќи дека е време Европа да погледне со поголемо внимание кон нас.

Нагласувајќи дека сегашните европски лидери често во своите говори употребувале цитати од познатите нивни сонародници како Тачер, Моне, Шуман, Аденауер, Де Гол и други, тој додаде дека тие не биле познати по убавите говори, туку, како што рече, по нивните дела.

„Да се признае јавно од некој од нив дека треба да се преговара за името и за идентитетот во ситуација кога да се негира нечиј идентитет кој де факто и де јуре постои, е рамно на бришење на една нација, е погубно и сам показател колку рамнодушно или, пак, површно или лефтерно се пристапува кон ова прашање. Да се молчи кога некој негира постоење на еден јазик кој треба да се гледа како богаство но никако како закана е само уште еден показател за еден вредносен систем кој е ставен пред еден сериозен тест. Со сета почит кон сите европските лидери и нивните аргументи и со сето разбирање дека во некој момент и ние имаме наши грешки и предизвици сепак не смее да се игнорира фактот дека ова што и се случува на Македонија е далеку од вредностите за кои се залагаат и на кои почива Унијата. За која правда слобода и еднаквост ќе говорат тие ако гледаат како јасно се негира нечија друга слобода еднаквост и правда“, рече Груевски.

Премиерот во своето речиси получасовно обраќање во кое имаше и цитати од историските личности најде место и за актуелните домашни политички случувања. На сите оние кои, како што рече, ги ставаат на тест меѓуетничките односи им порача дека ова не било 2001 година, ниту можела да биде и дека нема да дозволеле ситни провокатори, кои многу добро ги знаеле, да потпалуваат. Опозицијата, пак, ја повика да поставела разумни барања.

„Немојте да им давате аргументи на сите оние кои ги бараат за да ни направат штета. Сакате да поставите барања? Во ред. Поставете разумни барања и јас ветувам дека како гарнитура сме спремни разумните барања да ги прифатиме“, рече Груевски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG