Достапни линкови

logo-print

Дел од историчарите предлагаат улиците да носат имиња на бројка или историски личности околу кои нема контроверзии.

Најновата иницијатива за промена на имињата на околу 300 улици, според историчарите, може негативно да се одрази на меѓуетничките односи. Тие предупредуваат дека во време на нарушени и кревки меѓуетнички односи, тоа само ќе го влоши соживотот. Незадоволство од иницијативата за преименување на четири училишта во Чаир, кои требаше да добијат албански имиња покажа македонската јавност.

Повеќе треба да се обрне внимание улиците да носат или имиња на броеви или географски, ако сакате имиња на реки, на планини, на цвеќиња, на дрвја, што не може да создава некои можности за тензии.

Откако се појави идејата за промена на имињата на улиците во Скопје, незадоволство покажаа Бошњаците, оти според нив имињата на улиците го запазувале културниот и историскиот профил само на Македонците и Албанците, а не и на другите етнички заедници. Ваквите реакции во јавноста, според упатените, покажуваат дека треба да се внимава кога се предлагаат вакви решенија.

Ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Партизаните на чело со Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски пречекани од народот во ослободено Скопје.

Ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Партизаните на чело со Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски пречекани од народот во ослободено Скопје.

„Повеќе треба да се обрне внимание улиците да носат или имиња на броеви или географски, ако сакате имиња на реки, на планини, на цвеќиња, на дрвја, што не може да создава некои можности за тензии“, изјави професор Лазар Лазаров.
Јас би го прифатил американскиот модел, на пример како што е авенија 1,2,3 па после тие подулици, оти овој Балкан чуден е, мал простор, многу народ.

Според професорот Мустафа Абзим, пак, него најдобар начин да се избегнат несаканите реакции се да се користат броевите како називи за улиците. Тоа, вели Абзим, би било најбезболно.

„Јас би го прифатил американскиот модел, на пример како што е авенија 1,2,3 па после тие подулици, оти овој Балкан чуден е, мал простор, многу народ.“

Предлагачот на измените, професор Владо Поповски од ВМРО-ДПМНЕ, потребата од промена на имињата на улиците ја објасни од две причини. Прво дека во градот има имиња кои ја изгубиле комплетно важноста за Скопје, односно имиња на одредени малку познати партизани и вториот момент е да се дополни системот на имињата на улиците на одредени личности кои припаѓаат на исти институции, а се само делумно застапени. Па така, освен Даме Груев, Петар Поп-Арсов и Христо Татарчев, имиња на улици ќе добијат и останатите основачи на ВМРО, како на пример Андон Димитров, Христо Батанџиев и Иван Хаџиниколов.

Иако е приврзаник на тоа имињата на улиците да бидат географски одредници или броеви, Лазаров сепак нема против и ако тоа се конкретни историски личности. Но, тие, според него, треба да бидат позитивни и истакнати, со одредени заслуги за државата.

„Јас разбирам да се ставаат имиња на некој научник, кој навистина има значење, не само во рамките на земјата, туку и пошироко, ама не може имиња да ставиш на апсолутни анонимуси кои работеле против интересите и на уривање на оваа држава.“

Стравувањата на граѓаните дека промената на имињата на улиците ќе падне на товар на граѓаните зашто ќе треба да вадат нови документи за лична идентификација, од МВР ги отфрлија како неосновани. Во согласност со измените на законот за лични карти, доколку настанат промени во податоците, граѓаните немаат обврска да ги менуваат, се додека не истече рокот на важење на документот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG