Достапни линкови

Упад или исправање на упадот во историјата на Скопје?


За СДСМ, преименувањето на улиците е упад во културниот и историскиот континуитет на Скопје. За ВМРО-ДПМНЕ тоа е исправање на упадот што го направиле комунистите по Втората светска војна. Во меѓувреме, граѓаните се забавуваат на социјалните мрежи со сатирични предлози кои би го отсликале духот на ова време.

Најавената промена на имиња на стотици улици во главниот град предизвикува контроверзии во јавноста. Едни ги фалат предлозите, други ги критикуваат, а трети ја тераат целата работа на мајтап.
Прашањето е принципиелно, дали една политичка елита кога ќе дојде, може да збрише преку ноќ толкав голем број на улици, да им ги смени имињата и да стави нови и дали тоа претпоставува дека која била владејачка гарнитура којашто ќе дојде после нив ќе може да си го дозволи истото што тие го прават денес?! Дали се воспоставува еден нов принцип при именувањето на улиците, дека од секоја политичка елита што ќе дојде почнува едно ново поглавие коешто не треба да води сметка за претходното?!

Скопскиот плоштад пред неколку години.

Скопскиот плоштад пред неколку години.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во градскиот совет Владо Поповски, кој е и член на Комисијата за именување во Град Скопје, вели дека досега разгледале околу 400 предлози, од кои филтерот го поминале 220. Тој вели дека во оваа фаза не се преименуваат улици, туку се носи регистар од кој во наредна фаза би се бирало име, ако се донесе одлука за преименување на некоја улица или објект. Подготвената предлог-листа потоа се дава на мислење на општините во Скопје, потоа согласност треба да даде Советот на Град Скопје и Владата, по што ќе се утврди конечната листа.

Попоски наведува дека причина за новите предлози е тоа што дел од улиците носат имиња што веќе не се актуелни, како на пример југословенски партизани кои имаат само локално значење за земјите од кои потекнуваат. Втора причина е што во време на комунизмот биле маргинализирани крупни личности од македонската историја – национални револуционери, либерал-демократи или либералите што се појавиле во Сојузот на комунисти, вели Попоски. Меѓу предлозите има имиња на луѓе значајни и за светската наука, култура и уметност.
Почнувајќи од 1945 па таму до 1991 година всушност е редуцирана со идеолошки предзнак револуционерната, политичката и културната историја на Македонија, а не дека со ова дополнување тоа се прави. Со ова дополнување се корегира таа редукција и таа селективност којашто беше наметната од идеолошки причини низ сите овие декади по Втората светска војна.

Од друга страна, советничката група на опозицискиот СДСМ остро се спротивставува на преименувањето на улиците. Советничката Софија Куновска вели дека со партиски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се врши упад во културниот и историскиот континуитет на главниот град и оти тоа ќе предизвика дополнителни трошоци.

„Прашањето е принципиелно, дали една политичка елита кога ќе дојде, може да збрише преку ноќ толкав голем број на улици, да им ги смени имињата и да стави нови и дали тоа претпоставува дека која била владејачка гарнитура којашто ќе дојде после нив ќе може да си го дозволи истото што тие го прават денес?! Дали се воспоставува еден нов принцип при именувањето на улиците, дека од секоја политичка елита што ќе дојде почнува едно ново поглавие коешто не треба да води сметка за претходното?!“, вели Куновска.

Таа додава дека ваквиот начин на применување на улиците може да ги разгори и меѓуетничките страсти.

Попоски, пак, вели дека е убеден дека кога ќе се усвои конечниот регистар, ќе добие голема поткрепа во јавноста. Тој вели дека сега не се прави упад во културниот и историскиот идентитет на градот, туку се исправа упадот што е направен по Втората светска војна.

„Почнувајќи од 1945 па таму до 1991 година всушност е редуцирана со идеолошки предзнак револуционерната, политичката и културната историја на Македонија, а не дека со ова дополнување тоа се прави. Со ова дополнување се корегира таа редукција и таа селективност којашто беше наметната од идеолошки причини низ сите овие декади по Втората светска војна“, вели Поповски.

Во меѓувреме, луѓето кои не сакаат да влегуваат во „сериозни“ дебати за преименувањето, ги искористија социјалните мрежи да дадат свои сатирични предлози за улици кои би биле во духот на времето. Па така се појавија предлози за булевар „Партиски одреди“, кружен тек „Македонска транзиција“, кружен тек „Ристо Вртев“, слепа уличка „ЕУ“ или булевар „Мито и Корупција Хаџи Василев-Јасмин“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG