Достапни линкови

Фалангата ги замени југословенските партизани во Битола


Илустрација: Улица во Битола.

Илустрација: Улица во Битола.

Комисијата за комунални дејности на општина Битола поведе иницијати за преименување на 60 улици во градот.

Со денови не стивнуваат реакциите на битолчани околу иницијативата на општинската Комисија за комунални дејности за преименување на 60 улици кои носат имиња на личности и настани од поранешна Југославија и НОБ. Така, главната улица Маршал Тито ќе се вика Широк Сокак, Иво Лола Рибар - Македонска фаланга, Иван Милутинивиќ ќе стане Македонски гемиџии, Бошко Буха - Круме Кепаски, ЈНА - по збратимениот град Рокдајл од Австралија и други.
Ова е класичен обид за целосно бришење на еден период од историјата на медонската држава. Како да се работи за период на окупација, а не за време во кое Македонија во целост ги изгради сите атрибути на својата државност.

Дел од граѓаните реагираат од идеолошки причини, други од економски зашто сметаат дека ќе треба во документите да ги менувааt адресите, а трети велат дека станува збор за навики кои тешко се менуваат.

„Зошто промена на имињата, улиците треба прво да се направат. Улиците се полни со дупки, имињата се последна работа.“
Претседателот на Комисијата за комунални дејности во општина Битола Сашо Илијовски.

Претседателот на Комисијата за комунални дејности во општина Битола Сашо Илијовски.


„Сметам дека улиците се долгогодишна традиција во меморијата на граѓаните и тешко може да се избрише со еден акт. Од друга страна, сметам дека првенствено треба да ги решаваме прашањата на невработеноста и сиромаштијата во градот, а не на имињата на улиците.“
Предлогот беше доставен од службите во општината, а врз база на списокот кој пред шест години го имаат изготвено истакнати професори и луѓе од Битола. Врз база на тој список кој има преку 300 имиња.

„Ова е класичен обид за целосно бришење на еден период од историјата на медонската држава. Како да се работи за период на окупација, а не за време во кое Македонија во целост ги изгради сите атрибути на својата државност.“

„Имам оставински решенија за станот, за ТАТ. Сите се тие на нотар заверени. Ако одиш на нотар тој нема да го пречкрта тоа и да ти даде нов документ. За тоа треба да заведи во службената книга и треба да платиш. Се изложуваме на трошоци“, велат анкетираните битолчани.

Претседателот на Комисијата за комунални дејности Сашо Илијовски објаснува:

„Предлогот беше доставен од службите во општината, а врз база на списокот кој пред шест години го имаат изготвено истакнати професори и луѓе од Битола. Врз база на тој список кој има преку 300 имиња, правен е избор кој ни беше доставен до комисијата. Листата ќе биде доставена до Влада каде што ќе оди на понатамошно одлучување.“

Ако Владата даде зелено светло за листата со нови имиња, таа ќе се гласа во општинскиот совет, каде мнозинство гласови има владеачката партија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG