Достапни линкови

Пивофестовска еуфорија во Прилеп


Илустрација.

Илустрација.

Секаде низ Прилеп се чувствува мирисот на специјалитетите на скара, од сите страни се точи ладно пиво. Прилепчани ги живеат пивофестовските денови.

Почна пивофестовската еуфорија во Прилеп. Секаде се чувствува мирисот на специјалитетите на скара, од сите страни се точи ладно пиво. И младите и повозрасните, секој на свој начин го живее сонот на оваа журка, што ќе трае деноноќно до недела, во центарот на градот на површина од 20 илјади квадратни метри, со 32 штандови.

Ќе излеземе, да, со друштво, сами, ние повеќе за концертиве, мислам одиме да гледаме најчесто.

„Од секогаш такви сме биле, гостопримливи и овој пат ке бидеме такви.“

„Ќе излеземе, да, со друштво, сами, ние повеќе за концертиве, мислам одиме да гледаме најчесто.“

„Убав ми е Пивофестот, ова цело време чекав да дојде.“

На Паркот на Револуцијата сите кампери, ќе бидат послужени со вкусна бесплатна прилепска чорба и кафе, а исто така ќе функционира и циркулира и туристичкиот воз, којшто ќе биде овие четири дена, туристички пивски воз и туристички пивски велосипед или по прилепски точак.

„Ќе има добра забава, особено за младите, оваа година мислам дека има подобар репертоар на пејачи“, велат прилепчани.

Со одлука на Советот продолжено е работното време на чаршијата и локалите и дуќаните ќе бидат отворени до 3 часот изутрината. Сите тријат раце, а први се офајдија сопствениците на штандовите.

„Овде штанд имаме, очекуваме добра забава, пиво кригла, две, три, пет итн, да биде интересно, забавно за гостите и се разбира поубаво од лани.“

Владо Јаневски, Тамара и Тијана, Тони Цетински, Жељко Самарџиќ се само дел од естрадната балканска елита кои ќе имаат свои концерти на овој пивски фестивал.

Слободно место за ноќевање во хотелите нема, едвај може да се најде кревет, во приватно сместување, градот личи на огромен паркинг простор. Но, ветуваат од координативното дело, сè ќе функционира беспрекорно.

„Значи преземени се сите мерки за безбедно одвивање на овој фестивал, не само во рамки на противпожарната безбедност односно заштита“, вели Станко Колески, командир на ТППЕ Прилеп.

„Пивофест ќе биде медицински обезбеден со три пунктови, со три екипи, се обезбедува со една екипа дневно, од 12-19 часот, а од 19-03 ке има три екипи“, вели д-р Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош.

За четири дена, се очекува посета на 350 до 400 илјади граѓани од нашата држава, а најголем број странски туристи се всушност Македонците од дијаспората, кои токму овој тајминг го избраа за престој во својата родна земја.

„На Паркот на Револуцијата сите кампери, ќе бидат послужени со вкусна бесплатна прилепска чорба и кафе, а исто така ќе функционира и циркулира и туристичкиот воз, којшто ќе биде овие четири дена, туристички пивски воз и туристички пивски велосипед или по прилепски точак“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Всушност овој викенд, сите патишта водат кон Прилеп.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG