Достапни линкови

Кој има - многу има, кој нема - ич нема


Илустрација.

Илустрација.

Стапката на сиромаштија и на невработеност растат, а во исто време кафеаните се полни, се уриваат рекорди во јадење и пиење и колони возила заминуваат на одмор.

Стапката на сиромаштијата и невработеноста никако да падне, сметките се сè повисоки, храната постојано поскапува, а платите се исти. Тоа е реалноста со која македонскиот граѓанин секојдневно се соочува. Но, од друга страна, кафулињата и рестораните се полни. Арнажманите за летување распродадени. Концерите и фестивалите, како неодамнешниот Пиво фест во Прилеп се максимално посетени.
Тие што немаат мислам дека не седат по кафеани. Поделени се луѓето на тое што имаат многу и на тие што немаат. Средна класа знаеме дека одамна не постои, така што тие што немаат нема да ги најдеме по кафулињата.

Граѓаните велат дека се работи за поединци кои имаат доволнo пари, за разлика од повеќето кои не можат да си пружат такви задоволства во животот.
Отворање на Пиво фест во Прилеп 2012.

Отворање на Пиво фест во Прилеп 2012.


„Тие што немаат мислам дека не седат по кафеани. Поделени се луѓето на тое што имаат многу и на тие што немаат. Средна класа знаеме дека одамна не постои, така што тие што немаат нема да ги најдеме по кафулињата.“

„Поединечно е тоа, којшто има со туѓа пот може да си дозволи, тој што нема ќе си седи. Да одиш на поубаво треба да имаш многу.“
Секако дека расходите се намалуваат. На пример, ако се одело 10 дена, сега се оди 7 дена. Меѓутоа, факт е дека не може да тврдиме дека сите подеднакво остануваат на потрошувачката што ја имале претходно.

„Тие сигурно имаат, затоа одат и си ги дозволуваат сите луксузи, но голем е процентот што не може да си дозволат, а ние пензионери и мораме да ги издржуваме младите, да им пружиме поддршка, помош и така да се проживее“, велат анкетираните граѓани.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека намалувањето на стандардот на граѓаните, кој е и статистички потврден, не значи дека животот ќе запре.

„Но, секако дека расходите се намалуваат. На пример, ако се одело 10 дена, сега се оди 7 дена. Меѓутоа, факт е дека не може да тврдиме дека сите подеднакво остануваат на потрошувачката што ја имале претходно.“

Според него, податоците покажуваат и продлабочување на разликите меѓу луѓето, што значи дека еден помал слој продолжува да има комотни приходи, но најголем дел имаат сериозни проблеми.

„Нормално, понекогаш има социолошки или политиколошки тврдења дека во услови на криза се зголемува потрошувачката по кафеани итн., но факт е дека потрошувачката на она што им треба на граѓаните се намалува, сè помалку автомобили се купуваат, сè помалку станови се купуваат, сè помалку има за да се платат сметките итн.“

Според експертите, факт е дека во Македонија сиромаштијата и невработеноста, кои се над 30 насто се на критично високо ниво, а во последно време има намалување и на индустриското производство и на БДП со што земјата е ставена во една незавидна положба.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG