Достапни линкови

logo-print

Прилепчани се подготвуваат за одржувањето на Пивофест во градот. Ладно пиво и вкусна скара ќе им бидат понудени на гостите.

Во центарот на Прилеп врие како во кошница, домаќини и гости, стари и млади, сите се забавуваат и уживаат во вкусните специјалитете на скара, а се разладуваат со чаша ладно пиво. Весело, распеано, радосно... Ваква е атмосферата на годинешниот Пивофест, што до недела ќе се одржува во Прилеп.
Со моите роднини тука сум, мило ми е многу што дојдовме,точно време за Пивофест, кога слушнав дека имало Пивофест им реков на роднините, мора да ме носите таму, и со тоа сум многу радосна.


„Ние значи си идиме од Франција и шанса се наоѓаме во Прилеп, за Пивофест и се надеваме дека ќе биде најдобро и сите да си поминат убаво. Пробавме се, добро е, се е одлично“, вели Димитар Тасески, кој по 40 години со семејството се враќа од Франција во родниот град, среќен и задоволен што е дел од оваа весела журка.

Специјално за фестивалот на пивото, дури од Австралија пристигнале Џени и Ило Маркоски.

„Мило ми е, се носи, се пече, се јаде, се пие, има многу убава забава.“

„Со моите роднини тука сум, мило ми е многу што дојдовме, точно време за Пивофест, кога слушнав дека имало Пивофест им реков на роднините, мора да ме носите таму, и со тоа сум многу радосна.“

Илустрација: Девојки пијат пиво

Сите сместувачки капацитети во Прилеп се преполни, не само што нема слободни места, туку се бара место повеќе.
Очекуваме повеќе од 300.000 посетители и се надеваме дека тој број ќе го достигнеме и исто така да се покачи бројката на испиени тони пиво и изедени тони скара за разлика од минатата година, кога беа испиени 110 тони пиво, а беше изедена 60 тони скара.


„Резервациите се главно од Македонија, подготвени сме, очекуваме зголемен прилив на гости, наредните 4 дена“, вели Маре Анрејоска од хотелот ’Кристал Палас‘, но иста е состојбата и во останатите хотели во градот. За пречек на најавените гости, подготвени се сите 30 штандови на кои се точи ладно пиво, и се пече вкусна скара на жар.

„На нашиот штанд моментално имаме и ќе имаме до крајот на Пивофест домашни колбаси, солена вешалица, солен стек, плескавица со кашкавал и обична плескавица.“

„Мислиме дека се ќе биде во најдобар ред, в недела очекуваме најмногу гужва и во сабота“, велат Љупчо Киселоски и Костадинчо Зероски кои закупија дел од штандовите на годинешната пиво-журка.

Од локалната самоуправа најавуваат дека се е организирано беспрекорно, дека се преземени сите безбедности мерки.

„Очекуваме повеќе од 300.000 посетители и се надеваме дека тој број ќе го достигнеме и исто така да се покачи бројката на испиени тони пиво и изедени тони скара за разлика од минатата година, кога беа испиени 110 тони пиво, а беше изедена 60 тони скара“, вели Кате Крстеска, портпаролот на локалната самоуправа.

Но, без оглед на забавата, сите посетители и љубители со нетрпение го очекуваат доаѓањето на српската фолк ѕвезда Цеца. Се уште не се открива колку ќе платат спонзорите за 45-минутниот концерт на Цеца, но се споменува бројка од 60.000 евра. За гостувањето на Цеца на затворањето на Пивофест во недела, организиран е и посебен режим на сообраќајот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG