Достапни линкови

logo-print

Дел од фирмите се жалат дека немаат пари да исплатат регрес за годишен одмор, синдикатите, пак, посочуваат дека пари има, а работодавачите постојано се жалат.

Сите компании од приватниот сектор од оваа година имаат законска обврска да исплатат регрес за годишен одмор на вработените, кои кај нив работат најмалку шест месеци. Синдикатите веќе најавуваат застапување на суд на нивните членови и без нивна пријава врз основа на инспекциски записник.

Тие постојано велат работиме за ниски цени, но ниедна компанија не е затворена, бројот на работници не е намален, ниту, пак, работата е намалена.

Околу исплатата на регресот има некои нејаснотии, но, како што вели Анѓелко Анѓелков од Синдикатот на текстилните работници, обврската се однесува на сите компании независно од обемот на работа што го имаат. Тој пријавува дека има текстилните работници кои земаат месечна плата и од седум до осум илјади денари.

„Немаат работа. Тие постојано велат работиме за ниски цени, но ниедна компанија не е затворена, бројот на работници не е намален, ниту, пак, работата е намалена. Тие годишни периоди на намалување на работа, тоа е постојано така, 60 години наназад, тоа нема врска, не влијае на ова денеска“, вели тој.

Во услужните дејности, угостителството, туризмот, таму каде што имаше пад на побарувачката, на извозната индустрија, на извозно ориентираните компании, кои зависеа од странските пазари, каде што беа намалени активностите, така што тие фирми повеќе ќе почувствуваат.

За неисплата на К-15 предвидена е казна од 3.000 до 4.000 евра и тоа од 2.000 до 3.000 евра за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице. Постои различно толкување и на казнениот дел, односно не е прецизирано дали казната е еднократна и се однесува за фирмата или се пресметува за секој вработен.

Сеад Кочан од Здружението за градежни активности и забележува на владата дека Коморите не биле вклучени во социјалниот дијалог со синдикатите и не биле прашани за детали од таа проблематика. Според него, дел од компаниите од приватниот сектор ќе имаат потешкотии да исплатат регрес бидејќи до скоро сè уште ги чувствувале последиците од економската криза.

„Во услужните дејности, угостителството, туризмот, таму каде што имаше пад на побарувачката, на извозната индустрија, на извозно ориентираните компании, кои зависеа од странските пазари, каде што беа намалени активностите, така што тие фирми повеќе ќе почувствуваат“, вели Кочан.

Меѓутоа, тој очекува дека на подолг рок компаниите ќе имаат корист од исплатата на годишен регрес и оти тоа ќе придонесе за поголема продуктивност на вработените.

Градежништвото е еден од секторите каде има зголемен обем на работа и тука не се очекува оптоварување на фирмите. Павел Трендафилов од Синдикатот на градежни работници ги советува работодавачите да избегнуваат да не им ги дадат парите на работниците и дополнува дека К-15 не претставува рецидив од социјализмот.

„Секој работодавач на запад ги поттикнува работниците така што пред да почнат годишните одмори ги стимулира со одредена сума на пари или една плата, па после тој се враќа со полн капацитет и психо-физичка способност и дава двојно повеќе. Не гледам зошто е спорно дали е рецидив или не е, тоа е реална основа којашто работникот реално заслужува да ја добие“, вели Трендафилов.

Од почетокот на јули до крајот на годинава на 300 илјади вработени во приватните компании треба да им биде исплатен регресот за годишен одмор. Работниците кои работат во приватни компании треба да тужат ако сопственикот не им ги даде парите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG