Достапни линкови

Бизнисот цвета само на хартија


Премиерот Никола Груевски, директорот Архивска фотографија: Агенцијата за индустриски зони Виктор Мизо и министерoт за странски инвестиции Виктор Мизо, на отворањето на нови производствени погони на Компанијата „Џонсон Мети“ во Бунарџик.

Премиерот Никола Груевски, директорот Архивска фотографија: Агенцијата за индустриски зони Виктор Мизо и министерoт за странски инвестиции Виктор Мизо, на отворањето на нови производствени погони на Компанијата „Џонсон Мети“ во Бунарџик.

Бизнис климата во Македонија се подобрува, покажуваат извештаите на меѓународни организации. На напредокот на хартија му се спротивставуваат приватните сопствениците кои велат дека казните се високи, пристапот кон свеж капитал од банките е отежнат и привилегиите за странските инвеститори се поголеми. Но на крај тука се и работниците кои законски можат да заработат најмалку 8.000 денари месечно - а некои и помалку.

Како позитивен индикатор за бизнис климата во земјава често се користат извештаите „Дуинг Бизнис“ на Светската банка. Премиерот Никола Груевски неодамна посочи дека во последните седум извештаи на светската организација, земјава се нашла на листата меѓу топ десет реформатори во светот.
За жал во последно време се укажува дека власта активно на многу правци делува во таа насока за да ги собере овие планирани средства, а посебно сега пред изборната кампања, иако не можам да кажам дека директно некоја членка се пожалила за такви постапки.

Приоритети за подобрување на бизнис климата во земјава, според Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата се подобрување на правната регулатива, владеење на правото на сопственост, поголем пристап до финансискитe услуги, лојалната конкуренција и претприемничката култура се петте приоритети за подобрување на бизнис климата во државата. Домашните стопанственици, дополнително забележуваат на притисоци од нови трошоци и слаб пристап до банкарски капитал.

Нови давачки за притисок на бизнисот

Арбен Халили од Стопанската комора на северо-западна Македонија вели дека власта веќе има испланирано колку ќе казнува во текот на годинава и тоа ги загрижува стопанствениците.
Тука банките голем дел од својот капитал, го трошат да ја финансираат државата, вие знаете со околу милијарда евра е задолженоста на државата кај домашните банки.

„За жал во последно време се укажува дека власта активно на многу правци делува во таа насока за да ги собере овие планирани средства, а посебно сега пред изборната кампања, иако не можам да кажам дека директно некоја членка се пожалила за такви постапки, но има такви што ни укажуваат дека УЈП или други институции одат и им бараат на пример ретроактивно за последните пет години дали е платен персонален данок или нешто друго“, вели Арбен Халили од Стопанската комора за северо- Обраќање на премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Обраќање на премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

западна Македонија.

Бројките во овогодинешниот буџет покажуваат дека власта планира да собере повеќе пари по основ на неданочни приходи. Износот пораснал со ребалансот на минатогодишниот буџет. Годинава, во споредба со ребалансот за лани, власта сака да собере 11 проценти повеќе по овој основ. Поточно во 2014 се планира да се соберат 1 милијарда 451 милиони 740 илјади денари или приближно 23 милиони евра повеќе од лани од неданочни приходи, каде меѓу другото спаѓаат такси и казни.
Ако тука добиваат накаде околу 3,5 до 4 проценти, кај претпријатијата може да добијат 7-8 проценти, така што секоја банка пред се би пласирала кај приватниот сектор по повисока камата, отколку кај државата.

Казните водат кон блокади и извршни решенија а според податоците на народната банка, во првиот месец од годинава бројот на блокирани сметки надминал 200 илјади. Само за еден месец биле блокирани над 30 илјади сметки на фирми и граѓани а последните големи извршни решенија беа за неподмиртени трошоци за радиодифузна такса. За деблокада на сметка се предвидува: еднократна такса за присилна наплата, тарифа за блокада и деблокада на сметка, извршување на решение за присилна наплата, изготвување извештај, извршител, налог за извршување и изготвување заклучок. Според законот за даночна постапка, за секоја присилна наплата граѓанинот или приватосопственикот треба да плати и еднократна такса, која изнесува 5 проценти од висината на долгот. Очигледно е дека трошокот за казни и деблокада на сметки значајно го надминува оригиналниот долг а тука е и предлог-законот за финансиска дисциплина согласно кој должниците ќе се ставаат на „столбот на срамот“ со тоа што ќе се објавуваат на интернет страници на државни институции.

Дополнително, фирмите годинава се соочија и со повисоки давачки за поднесување на крајногодишни сметки. Поточно, трошокот за поднесување на документи до Централниот регистар за мали и микро претпријатија е дуплиран а од сите фирми се бараше и уплата на годишна такса од педесетина евра за „УСБ Токен“ - електронски клуч за потписи за поднесување на документи преку системот е-даноци.
Секогаш е подобро да имаш опција да позајмиш средства, макар и од финансиски институции, со некаква камата, што би било краткорочни заеми, со цел да продолжи да функционира на најдобар можен начин, отколку да почнеш да должиш.

Чаре за сите овие трошоци? Ако се работи според пропис би требало да се избегнат казните но што е со дополнителните трошоци? Ако нема доволно пари во касата на фирмата за казни, деблокади и тековни трошоци за плати и придонеси, производство и слично, тогаш многумина би посегнале по кредит. Податоците на Народната банка покажуваат дека банките повеќе се насочени кон кредитирање на граѓани одошто фирми. Од банките пристигаа најави дека годинава повеќе ќе се кредитираат компаниите но банкарите се недостапни за коментар околу тоа дали се остварило ваквото предвидување.
Гувернерот Димитар Богов.

Гувернерот Димитар Богов.


Банките даваат пари на државата, неместо на фирмите

Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански Комори вели дека банките не кредитираат доволно за поддршка на претпријатијата по неколкугодишна економска криза.
Секој вид на успешност е казна во Македонија и мислам дека пораката е најдете си друга земја каде ќе може да инвестирате, јас мислам дека не е добра порака, но сметам дека приватниот сектор треба да биде таа локомотива која ќе треба преку даноци да ја пополни таа државна каса

„Декември месец минатата година најавуваше дека можеби ќе се промени ситуацијата, меѓутоа јануари и февруари не влеваат оптимизам, значи порастот на кредитите е недоволен“, вели Мирче Чекреџи.

Стопанствениците до сега неколкупати посочуваа дека слабата ликвидност е рак рана на македонското стопанство, што го покрева прашањето: Ако банките не кредитираат доволно, дали неликвидноста може да се претвори во посериозен проблем? Чекреџи одговара:

„Нема инвестиции, нема ликвидност, нема многу елементи од економските текови на земјата кои се поврзани со банките и нивното финансирање на реалниот сектор. Тука банките голем дел од својот капитал, го трошат да ја финансираат државата, вие знаете со околу милијарда евра е задолженоста на државата кај домашните банки. Дел од парите се уште одат во Народна банка кај благајнички записи инт.“, вели Чекреџи.

Банките добиваат поголеми приноси од кредитирање на приватните претпријатија, смета гувернерот на Народната банка Димитар Богов, појаснувајки дека ризикот може да биде поголем и поради тоа банкарите се повнимателни.
Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат 27 проценти по основ на социјални придонеси и 10 проценти персонален данок на доход, односно ослободување од 37 проценти. Обврска на работодавачот е да го задржи лицето на работа дополнителни 12 месеци.

„Ако тука добиваат накаде околу 3,5 до 4 проценти, кај претпријатијата може да добијат 7-8 проценти, така што секоја банка пред се би пласирала кај приватниот сектор по повисока камата, отколку кај државата“, вели гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Се стега кругот околу приватниот сектор

Банкарите неретко посочуваа дека ризикот во кредитирањетѕо на стопанството се сголедува во тоа што станува збор за поголеми кредити за помалку субјекти. Тука е и потребата на компаниите за подмирување на тековни трошоци, кои во основа се непрофитабилни па ризикот за невраќање на парите е поголем. Сепак подобро е фирмите да работат па макар и ако треба повремено тоа да го прават со кредит бидејќи профитот се создава со работење, смета бизнис консултантот Синиша Пекевски.

„Секогаш е подобро да имаш опција да позајмиш средства, макар и од финансиски институции, со некаква камата, што би било краткорочни заеми, со цел да продолжи да функционира на најдобар можен начин, отколку да почнеш да должиш, дали на добавувачи, дали на клиенти, дали на вработени, тоа е лошо заради тоа што создаваш негативен имиџ за самата компанија, втората работа е што ако ти престанеш да плаќаш и тие ќе престанат некаде да плаќаат, значи автоматски кругот се затвора“, вели Синиша Пекевски.

Сакаат да се прикажат пред народот и пред гласачкото тело сега и во иднина дека се способни не само да бидат министри, туку да носат и странски инвестиции и да се претстават како незаменливи.
Колкав е кругот? Следејќи ја економската логика, ако една фирма се соочи со поголеми трошоци, било за давачки или за казни, новите проекти се паузираат во интерес на навремено подмирување на расходите. Зависно од давачките, новите вработувања во приватниот сектор може да се одлагаат, а ако притисокот е преголем тогаш може и да се затвораат работни места. Додека приватниот сектор се жали, пензионерите и вработените во јавната администрација добиваат најави за повисоки примања а тука се и новите вработувања во државниот апарат кои видно се зачестуваат во пресрет на избори. Сето тоа треба да се плати од некаде, вели економскиот аналитичар Висар Адеми:
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.


„Постојат два извора на овие приходи или бенефиции што ги дава државата, првата е преку приватниот сектор за државните обврзници или преку кредити што ги зема државата, нормално дека еден голем дел и товар паѓа врз приватниот сектор, затоа што ременот се намалува и затоа државата по секој основ гледа да собере повеќе и повеќе казни и друг вид на наплата на приватниот сектор, дали било тоа даноци, глоби или друг вид на пенали“, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.
Не може да се живее со толку пари, со 8 илјади денари не можеш да си ги подмириш само тековните трошоци за комуналии.

Се поставува прашањето дали владиниот притисок врз приватниот сектор во крајна линија може да ги влоши шансите за нови вработувања во стопанството, посебно ако приватните работодавачи попрво мора да платат казни а не придонеси за нови работници. Апсолутно, вели Адеми, додавајќи дека се испраќа и погрешна порака кон приватосопствениците дека нема простор за повеќе успешни компании на пазарот.

„Секој вид на успешност е казна во Македонија и мислам дека пораката е најдете си друга земја каде ќе може да инвестирате, јас мислам дека не е добра порака, но сметам дека приватниот сектор треба да биде таа локомотива која ќе треба преку даноци да ја пополни таа државна каса“, вели Адеми.
Минималната плата што фактички е утврдена не е 8 илјади, таа е четири илјади денари. Спрема тоа, ова е историска катастрофална грешка, и на владата и на ССМ, зашто прифатиле ваква минимална плата.

Министерството за труд и социјална политика, од друга страна, најави мерки за охрабрување на новите вработувања во компаниите. Министер от Диме Спасов најави бенефиции за фирмите кои ќе вработат лица до 29 годишна возраст:

„Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат 27 проценти по основ на социјални придонеси и 10 проценти персонален данок на доход, односно ослободување од 37 проценти. Обврска на работодавачот е да го задржи лицето на работа дополнителни 12 месеци“, вели министерот Диме Спасов.

Во идеални услови, државата ги користи приливите од стопанството за, меѓу другото и создавање на услови за понатамошен развој на приватниот сектор со инвестиции во инфраструктура и слично, сето тоа со поддршка на мала и ефикасна јавна администрација. Од друга страна, вреди да се спомене дека од власта пристигаат најави за проекти кои би им биле од корист на фирмите. Последната најава е за изградба на коридорот осум кој ќе се одвива во три фази и чини над 500 милиони евра.

Ваквата инвестиција би требала да обезбеди придобивки и за странските инвеститори. Државниот врв видно ги зачести патувањата во странство во потрага по странски фирми кои би инвестирале во посебните зони во земјава. Но зошто државниот врв се зафаќа со ваква обврска? Зошто оваа работа не им се остава на промоторите кои на државен трошок се обидуваат да привлечат инвеститори? Станува збор за една форма на политички маркетинг, објаснува политикологот Соња Стојадиновиќ:

„Сакаат да се прикажат пред народот и пред гласачкото тело сега и во иднина дека се способни не само да бидат министри, туку да носат и странски инвестиции и да се претстават како незаменливи, како некои кои единствено можат да ја донесат Македонија во подобра, значи дека се способни за се и дека се супер луѓе, супер политичари, супер бизнисмени и никој не може да биде подобар од нив“, вели Стојадиновиќ.

Не се живее со 8 илјади денари

Пред странците се промовираме како една од најдобрите бизнис дестинации во регионот кои, меѓу другото, имаат и „конкурентна“ цена на трудот. Таа цена законски е одредена на 8.000 денари минимум месечно нето приход. Годинава се очекуваат над 300 милиони инвестиции од надвор а секоја инвестиција ќе отвора нови работни места, вели гувернерот Димитар Богов.

„Да ги земеме на пример овие странски инвестиции кои се сега актуелни, кои последните години се отвораат во слободните зони, некои од нив вработуваат прилично голем број на луѓе, со самото тоа што се вработуваат неколку илјади луѓе, тие добиваат плата, колку и таа да е ниска, тие се подобро отколку што биле претходно“, вели Богов.

Но дали се живее со таква ниска плата, колку и да е подобро од претходно? Граѓаните одговараат:

„Не може да се живее со толку пари, со 8 илјади денари не можеш да си ги подмириш само тековните трошоци за комуналии.“

„Не може, како, таман работа, сметки, струја, лекови, нема шанси.“

„Пет души не работат, една пензија имам 9.400 денари“, се жалат анкетираните граѓани.

Експертот по трудово право Драге Јовановски вели дека станува збор за многу пониска реална плата ако се одбијат трошоците за храна и превоз.

„Минималната плата што фактички е утврдена не е 8 илјади, таа е четири илјади денари. Спрема тоа, ова е историска катастрофална грешка, и на владата и на ССМ, зашто прифатиле ваква минимална плата“, вели Јовановски.

Трошоците за храна и превоз порано се пресметуваа како одделни надоместоци и тоа сè уште е случај во други земји каде работниците добиваат бонови за храна и надомест за превоз до и од работа. Во Македонија овие трошоци се претворија во дел од бруто платата, вкупниот износ на пари наменет за работникот пред да се одбијат надоместоци за државата во форма на Пензиско и инвалидско осигурување, здравство и тн. Според проценките на агенцијата „Анадолија“, во поглед на просечни месечни примања, пред нас се жителите на Хрватска со највисоки примања на Балканот, па потоа Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Дел од активистите тврдат дека во многу случаи во приватниот сектор работодавачите не успеваат да ја исплатат ни оваа плата, па останува отворено прашањето дали фирмите штедат на вработените, користејќи ги поплаките за високи казни и дополнителни давачки кон државата како главно оправдание.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG