Достапни линкови

logo-print

Фирмите очекуваат либерализацијата да донесе поевтина струја


Фирмите очекуваат дека со либерализацијата на пазарот за електрична енергија ќе се намалат трошоците за струја. Надлежните пресметаа дека поевтинувањето може да биде и до 25 проценти, но во пресрет на втората фаза од процесот, поголем број од фирмите избрале една компанија како официјален снабдувач.

Станува збор за процес кој ќе им овозможи на над 200 квалификувани фирми да купуваат електрична енергија по пазарни цени преку трговци - снабдувачи.
Ако земете дека цената на електричната енергија на отворениот, интернационален пазар, значи на 400-киловолтно ниво, беше 70 до 73 евра, а сега е некаде околу 45-46 евра на годишно ниво.

Претседателот на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев смета дека заштедите може да обезбедат нови инвестиции во енергетскиот сектор со заштеди од околу 14 милиони евра.
Илустрација.

Илустрација.


„Намалувањето е реално. Ако земете дека цената на електричната енергија на отворениот, интернационален пазар, значи на 400-киловолтно ниво, беше 70 до 73 евра, а сега е некаде околу 45-46 евра на годишно ниво, значи сега тоа намалување што се случи допре и до македонската индустрија“, вели Анѓушев.
Отсега па натаму пазарот е тој што ќе има директно влијание во одредувањето на цените за снабдување.

Од академската јавност се воздржуваат од коментари, тврдејќи дека е тешко да се очекува стриктно одреден процент на намалување на трошокот за фирмите, бидејќи по либерализацијата, пазарот ќе ги одредува цените, а влијание ќе имаат и договорите кои фирмите ќе ги склучат. Засега не се откриваат условите под кои фирмите ќе купуваат струја, бидејќи процесот допрва треба да влезе во втора фаза.

Компаниите очекуваат поевтина струја, вели Арбен Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија:

„Од друга страна, сметаме дека за жал на некој начин беа неподготвени сите компании да се соочат со новиот предизвик и нема да чуди ако компаниите настојуваат да ги продолжат договорите со компанијата којашто и досега и ги снабдуваше, а тоа е поради навиките. Но, очекуваме таа навика да се смени“, вели Халили.

Кон крајот на минатиот месец, од вкупно 222 компании за кои ќе важи либерализацијата, околу 40 немаа одлучено кој ќе ги снабдува со струја. Судејќи по медиумските извештаи, ЕВН Македонија освоила над 70 проценти од отворениот пазар на електрична енергија за квалификуваните корисници, откако 115 компании ја одбрале оваа фирма за снабдувач. Остатокот од колачот го делат другите лиценцирани снабдувачи. Се чека да завршат тендерските постапки во 20 државни компании, по што ќе се знае финалниот процент на склучени договори на компаниите со лиценцираните снабдувачи.

Сепак, имајќи предвид дека цената на струјата ќе биде пазарно одредена, не може да се очекува фиксен процент на поевтинување на енергенсот, забележува Халили.

„Отсега па натаму пазарот е тој што ќе има директно влијание во одредувањето на цените за снабдување. Секако дека снабдувачите ќе бидат тие коишто ќе бидат одговорни за квалитетно, навремено доставување, односно снабдување со струја на компаниите и понатаму на домаќинствата, но јас не можам да кажам дека ќе биде 20 или 25 отсто поевтина електричната енергија“, вели Халили.

Инаку, пазарот со електрична енергија во Македонија неофицијално се проценува на 300 милиони евра. Од 2015 година се очекува либерализација и на пазарот за домаќинствата.
XS
SM
MD
LG