Достапни линкови

ОБСЕ - Ефикасно спроведени избори, но проблемите остануваат


Прес-конференција на меѓународните набљудувачи на предвремените парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори.

Прес-конференција на меѓународните набљудувачи на предвремените парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори.

Изборите беа ефективно спроведени и изборниот ден помина непречено, но имаше реално проблеми пред и по гласањето, нотираат од ОБСЕ/ОДИХР.

Оваа земја направи значителен демократски напредок во изминативе десет години, но тој процес не е завршен и треба да продолжи. Со оваа порака набљудувачката мисија на ОБСЕ ја започна прес конференцијата со првичните заклучоци за спроведените избори во неделата.
Доколку некој гласач трпи притисок да не излезе да гласа и дека ќе го види некој ако оди на своето избирачко место, тогаш тој не е слободен да гласа.


Изборите беа ефективно спроведени и изборниот ден помина непречено, но имаше реално проблеми пред и по гласањето. Владејачката партија несоодветно ги разграничуваше партиските од државните активности, отсуствуваше независно известување во медиумите и не беше прочистен избирачкиот список. Забележани беа заплашувања и притисок врз гласачите.

„Доколку некој гласач трпи притисок да не излезе да гласа и дека ќе го види некој ако оди на своето избирачко место, тогаш тој не е слободен да гласа. Ја слушнавте мојата изјава и слушнавте како наброив области во кои нашата мисија детектираше дека не се исполнети обврските преземени со членството во ОБСЕ“, посочи амбасадорот Герт Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија.
Мислам дека партиите треба да се разберат околу тие интереси, партиите и од власта и од опозицијата, треба да најдат политички начин да се оствари напредок на овој пат.

Не е наше да ги коментираме изборните резултати и политичките одлуки, посочи Аренс, се додека тие не се поврзани со правото на гласачите да го одлучуваат и да го дадат својот глас, додаде Аренс и посака да го изнесе и својот личен став пред новинарите.

„Како што споменав претходно, во мојот мандат не спаѓаат мудроста на политичките одлуки кои ги донесуваат политичарите, туку јас можам да ја изразам само својата надеж дека демократијата во оваа земја ќе се развива одговорно од страна на сите.“

Сите политички субјекти во земјава имаат обврска да размислат и да дејствуваат во интерес на народот и да постигнуваат согласност околу стратешките прашања за државата, порача Изабел Сантос која ја предводеше делегацијата на ПС на ОБСЕ. При тоа нагласи дека бојкотот кој го најави опозицијата не го смета за демократски инструмент туку политичките средства со кои примарно треба да се служат политичките партии. Тоа е стабилноста на државата , тоа се интеграциите во меѓународните институции.

„Мислам дека партиите треба да се разберат околу тие интереси, партиите и од власта и од опозицијата, треба да најдат политички начин да се оствари напредок на овој пат, секако секогаш е должност на опозицијата да го контролира работењето на власта и да покаже подобри начини да се направат некои работи“, истакна Сантос.

И покрај тоа што проблемите ги посочивме и претходно, тие остануваат, посочи Кристин Мутонен, специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ.

„Проблемите што ги посочивме се уште остануваат и по извештајот кој ќе ги содржи ваквите наводи, меѓународната заедница уште поодблиску ќе ја следи ситуацијата“, рече Мутонен.
XS
SM
MD
LG