Достапни линкови

За изборите на 27 април се акредитирани повеќе набљудувачи. Изборите ќе ги следат 9.197 домашни, 489 странски набљудувачи и 224 преведувачи.

За следење на претседателските и предвремените парламентарни, според веб-страницата на ДИК, избори се акредитирани 9.197 домашни, 489 странски набљудувачи и 224 преведувачи. Изборите ќе ги покриваат и 28 акредитирани новинари од пет странски медиуми.
МОСТ вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори ќе го набљудува со 1712 набљудувачи број со кој ќе се покрие педесет проценти од гласачките места.


Според податоците на Државната изборна комисија од домашните набљудувачи изборните ги мониторираат од невладината МОСТ, Здружението СИНЕРГИЈА, Движењетo ВЕПРО, ЦИВИЛ-Центар за слобода, Здружението на граѓани - Центар за развој на медиумите - Скопје и Македонскиот Центар за култура и развој. Претседателски избори 2014. Прес-конференции на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Претседателски избори 2014. Прес-конференции на Граѓанската асоцијација МОСТ.



Од странските пак тука е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и од Канцеларијата на ЕУ во Македонија. Изборите ги набљудуваат претставници на речиси сите амбасади во земјава, а има и набљудувач од Данската организација СИЛБА како и монитори од Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ.
За вториот круг на претседателските и вонредните парламентарни избори Цивил ќе има околу 100 акредитирани набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ целата земја, а секако уште поголем број ќе бидат на теренот.


Граѓанската асоцијација МОСТ го почна набљудувањето на изборниот процес од 1 февруари годинава кога беа распишани изборите за претседател. Изборниот ден од првиот круг од изборите го следеше со 580 набљудувачи, притоа покривајќи над 15 проценти од вкупниот број избирачки места.

„МОСТ вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори ќе го набљудува со 1712 набљудувачи број со кој ќе се покрие педесет проценти од гласачките места во Република Македонија и педесет проценти од гласачките места во секоја општина“, вели Теодора Поповска од МОСТ.

Оваа година нема да има набљудувачи во две смени, туку сите ангажирани ќе го набљудуваат гласањето на гласачкото место, од отворањето до објавувањето на резултатите. Ваквиот принцип на работа е поради комплексноста на двата изборни циклуси кои течат напоредно, а заради задржување на истиот квалитет на добиени податоци како на претходните изборни циклуси.
Посматрачите не се организатори на изборите и не се мешаат во изборите, туку тие прават својата проценка и врз основа на проценката на крајот на процесот даваат свои препораки.


Од МОСТ по првиот круг од претседателските избори оценија дека гласањето помина во мирна атмосфера со изолирани тензични ситуации и релативно висока излезност.

Од невладината Цивил велат дека првиот круг од претседателските избори помина со низа нотирани нерегуларности, па поради преобемната работа што Цивил – ја имаше минатиот пат, тие за изборите в недела ангажирале поголем број набљудувачи. За првиот круг имале 50 акредитирани набљудувачи и уште толку активисти на Цивил кои им помагале.

„За вториот круг на претседателските и вонредните парламентарни избори Цивил ќе има околу 100 акредитирани набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ целата земја, а секако уште поголем број ќе бидат на теренот со различни функции и со различни информации кои ќе ги бараме од нив“, вели Џабир Дерала од Цивил.

Како и претходно, на денот на гласањето, 27 април, Цивил ќе има отворен прес центар во ГЕМ клуб кој ќе работи од 7 часот наутро, па сè до полноќ. На веб страницата slobodniizbori.info граѓаните ќе може да пријавуваат изборни нерегуларности, а тоа може да го сторат и телефонски и преку електронска пошта.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, изборите на 27 април ќе ги мониторира од 202 набљудувачи. Изборите претставуваат комплексен процес и тешко е да се даде црнo-бела оценка. Кога ја вршиме нашата проценка ние ја земаме предвид целата комплексност на изборниот процес и се обидуваме да бидеме праведни, односно избегнуваме да дадеме такви поедноставувања, рече амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Хајнрик Аренс по првиот круг на претседатеслките избори.

„Посматрачите не се организатори на изборите и не се мешаат во изборите, туку тие прават својата проценка и врз основа на проценката на крајот на процесот даваат свои препораки“, вели Герт Аренс.

Посматрачите освен технички пропусти на денот на гласањето нотираа и низа системски пропусти, но по извештаите на набљудувачите надлежните институции или се прогласија за ненадлежни или пак топката ја префрлија на друга институција. Експертите посочија дека работите не можат да се средат преку ноќ и дека по изборите треба да се направи сериозна анализа за пропустите.

За следење на првиот круг од претседателските избори беа акредитирани 8325 домашни и 326 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG