Достапни линкови

Поголема е излезноста на парламентарните отколку на претседателските избори. За МВР гласањето поминало мирно без поголеми нерегуларности, додека невладините јавуваат за редица неправилности.

ДИК на третата прес конференција во 18 часот ги соопшти процентите на излезност за парламентарните и претседателските избори.
Одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12 отсто, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34 отсто. Најголема излезност има во Новаци - 71,89 отсто, а најмала во Желино 9,03 отсто.


„Одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12 отсто, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34 отсто. Најголема излезност има во Новаци - 71,89 отсто, а најмала во Желино 9,03 отсто“, “, соопшти потпретседателот на ДИК, Субхуи Јакупи.
Најголема излезност е забележана во четвртата изборна единица , 60,82 а најмала во шестата 43,63 проценти.

МВР рече дека изборите поминале без инциденти и поголеми нерегуларности.

Невладините организации во текот на денот известуваа за редица нерегуларности.
Изборите поминаа без инциденти и поголеми нерегуларности.

Општинската комисија во село Љубанци, според „Цивил“, дозволила гласање на малолетници за кои е нејасно како се нашле во избирачкиот список.

Невладината Цивил информираше дека до нив пристинале 232 пријави од набљудувачите и телефонските јавувања на граѓаните. Една петтина од евидентираните неправилности од страна на Цивил се однесувале на партиски активизам, потоа тие забележале незаконско однесување на членови на избирачки одбори како и проблеми со избирачките списоци. Цивил информираше и за забележан поткуп на гласачи и пренесување на гласачи.

За низа неправилности во текот на денот известуваше и невладината МОСТ и тоа за повеќе случаи на семејно гласање и фотографирање на гласачки ливчиња, ширење пропаганден материјал.
Една петтина од евидентираните неправилности од страна на Цивил се однесуваат на партиски активизам, потоа незаконско однесување на членови на избирачки одбори како и проблеми со избирачките списоци.

На вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори, граѓаните можеа да го дадат својот глас за двајцата кандидати Ѓорѓе Иванов кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски кандидат на СДСМ, како и за 1402 кандидати на 14 листи на кандидати за пратеници поднесени од пет коалиции и девет политички партии.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој на вториот круг од изборите освоил повеќе гласови, а условот е излезност од 40 проценти од вкупното избирачко тело. Пратениците се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Избирачките одбори треба да го достават изборниот материјал до Општинските изборни комисии во рок од пет часа по завршувањето на гласањето.

Надлежната ОИК ги сумира резултатите од гласањето, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал ги доставува до ДИК, веднаш, а најдоцна 12 часа по завршувањето на гласањето.

Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат и за двата вида избори, ДИК ги објавува сукцесивно а конечните резултати во рок од 24 часа. Подносителите на листи на кандидати има право на приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавувањето на првичните резултати.

Денешното гласање го следеа 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи како и 42 странски новинари. Во текот на утрешниот ден мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе го објави прелиминарниот извештај од набљудувањето на изборите.

На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори се запишани 1.780. 128 избирачи.
XS
SM
MD
LG