Достапни линкови

Фантомски гласачи - неканети гости во Охрид


Илустрација - гласање.

Илустрација - гласање.

Во Охрид има неколку десетици фантомски гласачи, велат од СДСМ Охрид. Жаклина Лазаревска од СДСМ вели дека на нејзината адреса има друг неканет гостин. Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека нема фантомски гласачи.

СДСМ располага со податоци за фантомски гласачи и тие податоци веќе ги доставивме до надлежните институции, до ДИК и тоа уште во процесот на чистење на избирачкиот список. И во Охрид има неколку десетици фантомски гласачи, вели Томислав Тунтев претседател на СДСМ Охрид и кандидат за пратеник.
„Се вика Даниел Богдан роден 1991 година. Не го знам кој е, ниту некогаш живеел на таа адреса во нашата куќа. Тоа е лична адреса на нашата куќа. Кога го утврдив тоа пријавив веднаш.


„Има куќи со непостоечки броеви на одредени улици. На одредени постоечки куќи и станбени згради на една адреса се ставани по тројца, четворица или пет души жители кои не живеат тука, ниту некогаш биле или живееле овде. Нашите анализи одат во таа насока да провериме дали тие луѓе се појавиле на избирачките места и дали гласале“, вели Тунтев.
Тој вели дека се свесни дека тие фантомски гласачи имаат лични карти и пасоши и дека се државјани на Македонија, без оглед што не живеат тука.

„Доколку не вроди со плод нашето известување ние ќе ја известиме јавноста и по адреса и по име и презиме“, вели Тунтев.
Во Охрид бројот на гласачи е намален за 4.000 што значи дека многу луѓе од списоците се тргнати. Тоа се само изговори за големиот пораз.

Советничката од СДСМ во Советот на Општина Охрид, Жаклина Лазаревска при увидот во избирачкиот список уште на последните локални избори случајно утврдила дека на истата адреса на која што во куќа живее со нејзиното семејство имало друг неканет гостин.

„Се вика Даниел Богдан роден 1991 година. Не го знам кој е, ниту некогаш живеел на таа адреса во нашата куќа. Тоа е лична адреса на нашата куќа. Кога го утврдив тоа пријавив веднаш. СДСМ се обрати до ОБСЕ уште во 2013 година. Тие ни рекоа да се обратиме до ДИК, од ДИК велат дека е издадена лична карта на таа адреса на тоа лице и да се обратиме до МВР. И така во круг остана и на овие избори. Сега истото лице се повторува на моја адреса и мене ме иритира тоа. За мене како граѓанин не е сомнеж дали тој гласал или не гласал, за мене како граѓанин е многу страшно на мојата адреса некој да издал лична карта на некое друго лице кое јас не го познавам. И кај комшиите има двајца, вели Лазареска.

Иако реагирале до надлежните институции Лазреска вели дека го добиле истиот одговор.

Атанаско Михаилов шеф на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид вели дека избирачкор список го потврдиле од ДИК, каде што претседател бил Никола Рилкоски од СДСМ.

„Прочистувањето на списокот беше нивна одговорност. Од каде фантомски гласачи треба да ги прашаш овие од СДСМ. Во Охрид бројот на гласачи е намален за 4.000 што значи дека многу луѓе од списоците се тргнати. Тоа се само изговори за големиот пораз“, вели Михаилов.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG