Достапни линкови

Македонија бира претседател и пратеници


Македонија бира претседател и народни пратеници. Утре истовремено се одржува вториот круг од претседателските избори и предвремени парламентарни избори.

По четиринеделната кампања за претседателските и двонеделната за парламентарните од синоќа на полноќ настапи молк кој ќе трае до утре до 19 часот.
Новиот претседател ќе се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.


Ова се петти непосредни претседателски избори во земјата. Новиот претседател ќе се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.

На осмите по ред парламентарни избори во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.

Според ДИК, за претседателските избори право на глас имаат 1.779.572 гласачи во земјава и 8.332 во странство. Додека за парламентарните право на глас имаат 1.780.128 гласачи, а во дијаспората ќе гласаат 27.828 македонски државјани, што е зголемување за повеќе од два пати во споредба со претседателските избори. Гласањето ќе се одвива на вкупно 3.480 избирачки места во државата, а дијаспората гласа во 34 избирачки места, во три изборни единици.

Гласачкиот материјал беше подигнат во четврток од битолската печатница „Киро Дандаро“, а потоа дистрибуиран до општините. Битолските печатари имаа двојно повеќе работа отколку за изборите од пред две недели.
Рокот беше многу, многу тесен, но опремата со која располага оваа фирма е страшна и се заврши се беспрекорно, со сите квалитети кои треба да ги има гласачкиот матријал.
Драги Милошевски, директор на битолската печатница Киро Дандаро.


„Рокот беше многу, многу тесен, но опремата со која располага оваа фирма е страшна и се заврши се беспрекорно, со сите квалитети кои треба да ги има гласачкиот матријал“, рече Драги Милошевски, директор на битолската печатница Киро Дандаро.

За печатењето на гласачкиот материјал се потрошени 50 тони специјална заштитена хартија со воден жиг и флуоресценција низ хемиска заштита, увезена од Италија.

Според заменик претседателот на ДИК Субхи Јакупи извршени се поголеми подготовки за да се отстранат некои недостатоци кои ги следеа претходните избори. Тој убедува дека гласачкото ливче е целосно заштитено.
Позадината на гласачкото ливче е со боја, не може да се види за кој број е гласано, таа позадина е заштитена не може да се види кој број е закружен.
Субхи Јакупи, ДИК.


„Позадината на гласачкото ливче е со боја, не може да се види за кој број е гласано, таа позадина е заштитена не може да се види кој број е закружен“, вели тој.

За избирачкото мастило се крена доста прашина за време на првиот круг од претседателските избори. Од забелешки дека се вадело со влажни марамчиња или со ацетон, до тоа дека не исчезнува за 24 часа како што беше предвидено, па граѓаните не можат да го отстранат и две недели по изборите. Речиси сите невладини кои го мониторираат изборниот процес имаа забелешки за мастилото.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.


На претседателските и на предвремените парламентарни избори граѓаните ќе бидат обележувани на левиот, наместо на десниот палец, како што беше на изборите за претседател на 13 април, гласи упатството на ДИК. Ваквата одлука е донесена затоа што се уште се забележуваат трагите од мастилото на десните палци кај граѓаните.Избирачот кој нема да дозволи да биде обележан со видливо мастило нема да може да го оствари правото на глас.

На претседателските и на предвремените парламентарни избори граѓаните ќе бидат обележувани на левиот, наместо на десниот палец, како што беше на изборите за претседател на 13 април.
​Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето на претседателските и предвремените парламентарни избори ги заостри критериумите за тоа кои лица можат да гласаат во домашни услови.

За претседателските избори беа пријавени над 7.000 болни и немоќни за гласање, а ДИК и општинските изборни комисии прифатија 6.980. Болните и немоќните гласаат денеска, односно еден ден пред изборите. Бројот на затворениците запишани во избирачкиот список за парламентарните избори е 1.843, а внатрешно раселените се 38 лица.
За следење на претседателските и предвремените парламентарни, според веб-страницата на ДИК, избори се акредитирани 9.197 домашни, 489 странски набљудувачи и 224 преведувачи. Изборите ќе ги покриваат и 28 акредитирани новинари од пет странски медиуми.

Зголемена е бројката и на членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето на дијаспората, бидејќи поради бројноста на пријавените гласачи има уште по едно избирачко место во Венеција, Берн и Виена.

За следење на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори закажани за утре, 27 април, се акредитирани 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, како и 283 преведувачи.

Според податоците на Државната изборна комисија од домашните набљудувачи изборните ги мониторираат од невладината МОСТ, Здружението СИНЕРГИЈА, Движењето ВЕПРО, ЦИВИЛ-Центар за слобода, Здружението на граѓани - Центар за развој на медиумите - Скопје и Македонскиот Центар за култура и развој.
МОСТ вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори ќе го набљудува со 1712 набљудувачи број со кој ќе се покрие педесет проценти од гласачките места во Република Македонија.
Теодора Поповска, МОСТ.

Од странските пак тука е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и од Канцеларијата на ЕУ во Македонија. Изборите ги набљудуваат претставници на речиси сите амбасади во земјава, а има и набљудувач од Данската организација СИЛБА како и монитори од Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ.
Претседателски избори 2014. Прес-конференции на Граѓанската асоцијација МОСТ. Дарко Алексов.
Претседателски избори 2014. Прес-конференции на Граѓанската асоцијација МОСТ. Дарко Алексов.


Граѓанската асоцијација МОСТ го почна набљудувањето на изборниот процес од 1 февруари годинава кога беа распишани изборите за претседател. Изборниот ден од првиот круг од изборите го следеше со 580 набљудувачи, притоа покривајќи над 15 проценти од вкупниот број избирачки места.

„МОСТ вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори ќе го набљудува со 1712 набљудувачи број со кој ќе се покрие педесет проценти од гласачките места во Република Македонија и педесет проценти од гласачките места во секоја општина, тоа значи дека МОСТ ќе има набљудувач на секое второ гласачко место“, вели Теодора Поповска од МОСТ.
За вториот круг на претседателските и вонредните парламентарни избори Цивил ќе има околу 100 акредитирани набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ целата земја, а секако уште поголем број ќе бидат на теренот.
Џабир Дерала, Цивил.


Оваа година нема да има набљудувачи во две смени, туку сите ангажирани ќе го набљудуваат гласањето на гласачкото место, од отворањето до објавувањето на резултатите. Ваквиот принцип на работа е поради комплексноста на двата изборни циклуси кои течат напоредно, а заради задржување на истиот квалитет на добиени податоци како на претходните изборни циклуси.


„Овие набљудувачи на МОСТ ќе бидат статични, ќе го следат гласањето во текот на целиот ден, односно од самото отворање на гласачкото место до затворањето и пребројувањето на гласовите. Освен статични набљудувачи ќе имаме и мобилни тимови коишто ќе ги посетуваат оние гласачки места на кои МОСТ нема свои набљудувачи, а ќе бидат и како логистичка поддршка на статичните. Исто така набљудувачи на МОСТ ќе ја следат и работата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии“, вели Теодора Поповска од МОСТ.
Посматрачите не се организатори на изборите и не се мешаат во изборите, туку тие прават својата проценка и врз основа на проценката на крајот на процесот даваат свои препораки.
Герт Аренс, ОБСЕ/ОДИХР.


Од невладината Цивил велат дека првиот круг од претседателските избори помина со низа нотирани нерегуларности, па поради преобемната работа што Цивил – ја имаше минатиот пат, тие за изборите в недела ангажирале поголем број набљудувачи. За првиот круг имале 50 акредитирани набљудувачи и уште толку активисти на Цивил кои им помагале.
Герт-Хајнрих Аренс, шеф на мисијата за набљудувачи на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.
Герт-Хајнрих Аренс, шеф на мисијата за набљудувачи на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.


„За вториот круг на претседателските и вонредните парламентарни избори Цивил ќе има околу 100 акредитирани набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ целата земја, а секако уште поголем број ќе бидат на теренот со различни функции и со различни информации кои ќе ги бараме од нив“, вели Џабир Дерала од Цивил.
В недела ќе ги мониторираме изборите, а ќе добиеме многу информации и претходно. Многу се надеваме на слободни, фер и независни избори.
Кристин Мутонен. координаторката на мисијата на ОБСЕ во Македонија задолжена за набљудување на изборниот процес


Тој вели дека нерегуларностите констатирани како системски се креирани, а не настанати, а за последиците и текот на гласањето в недела треба посеопфатно да се анализира по неговото завршување. Дерала вели дека забележаните неправилности го нарушиле избирачкото право на голем број гласачи .

„Голем број од овие граѓани најверојатно не ќе можат да си го остварат своето гласачко право и во вториот круг, бидејќи не гледаме некакво поместување по подобрување на квалитетот на избирачкиот список, во санирање на проблемите, од она што е регистрирано како од страна на набљудувачите, така и од самите пријави на граѓаните и граѓанките.“
Индивидуална е одговорноста на секој поединец кој ќе се доведе себе си да биде фатен во извршување на било какво кривично дело или да предизвикува било какви инциденти.
Гордана Јанкулоска, МВР.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, изборите на 27 април ќе ги мониторира од 226 набљудувачи. Изборите претставуваат комплексен процес и тешко е да се даде црнo-бела оценка, рече амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Хајнрик Аренс по првиот круг на ипретседатеслките избори.

„Посматрачите не се организатори на изборите и не се мешаат во изборите, туку тие прават својата проценка и врз основа на проценката на крајот на процесот даваат свои препораки“, вели Герт Аренс.

Мисијата на ОБСЕ акредитирала 103 набљудувач. Очекуваме изборите во недела да поминат во фер и демократска атмосфера. Тоа ќе остави позитивен впечаток дека Македонија е подготвена на своите граѓани да им овозможи демократско исполнување на правото на глас, изјави Кристин Мутонен координаторката на мисијата на ОБСЕ во Македонија задолжена за набљудување на изборниот процес.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
„В недела ќе ги мониторираме изборите, а ќе добиеме многу информации и претходно. Многу се надеваме на слободни, фер и независни избори. Ќе дадеме се од себе на изборите и се надевам дека ќе бидеме во можност да ја покриеме целата земја. И ние како вас се надеваме на добри избори“, изјави Мутонен.


Полицијата нема да биде изненадена доколку некои политички партии на денот на изборите креваат тензии,но органите на редот се максимално подготвени за денот на изборите, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

МВР апелира до сите граѓани кои планираат да го остварат гласачкото право да не подлегнуваат на притисоци за било какви деструктивни сценарија,и на тој начин да придонесат сликата за македонските избори да биде демократска и чиста.
Шесте изборни единици обезбедува по 20 пратеници од секоја единица, а дијаспората обезбедува тројца пратеници, односно по еден пратеник од секоја изборна единица.


„Индивидуална е одговорноста на секој поединец кој ќе се доведе себе си да биде фатен во извршување на било какво кривично дело или да предизвикува било какви инциденти, во тој случај нема да им помогнат ниту лидерите на политичките партии, ниту оние кои ги иницираат и провоцираат.“

Оние кои со употреба на сила и сериозни закани ќе го реметат и оневозможуваат текот на гласањето се соочуваат со минимална казна од 3 години затвор, а ако некој употреби оружје и физичко насилство за време на изборите, може зад решетки да помине минимум 5 години.
Најголем процент на одѕив имаа парламентарните избори во 2002 година, кога гласале над 73 проценти од избирачите. Висок процент на одѕив имаше и на последните парламентарни избори во 2011 година, кога бројката стигна до 63,5 отсто.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ за партиските кампањи на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014, заклучно со 16 април потрошила 1, 2 милиони евра. Најмногу од парите се потрошиле за реклами и пропаганда, како и за организирање митинзи. Финансиите се добиени по пат на членарини од нивните приврзаници.

Опозициската СДСМ поскромно трошела за кампањата. За своите предизборни активности потрошиле повеќе од 200 илјади евра. Од нив половина се потрошени за претседателската кампања, а половина за парламентарната. Како што стои во финансискиот извештај доставен до надлежните институции, средствата се добиени по пат на донација и во форма на приходи од други субјекти.


ДУИ потрошила околу 300 илјади евра за активности поврзани со изборната кампања и при тоа за околу 100 илјади влегле во минус. Опозициската ДПА за промовирање на своите кандидати за пратеници потрошила повеќе од 2.000 евра, но за 1.000 евра се задолжила. Новоформираната партија ГРО на Стевчо Јакимовски, за кампањата за предвремени парламентарни избори до 16-ти месецов, потрошила 15.000 евра, пари добиени преку од педесетина донатори.

Коалицијата за Позитивна Македонија потрошила 43.000 евра, пари обезбедени преку донација од градежната компанија „Бетон“.

ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски потрошила 46.000 евра, приходи кои ги имала партијата на својата банкарска сметка.

Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија, во 1994, 1999, 2004 и 2009 година. Првиот претседател на Република Македонија е Киро Глигоров, по него беше Борис Трајковски, него го наследи Бранко Црвенковски, а четврт претседател на МАкедонија е Ѓорге Иванов.

Новиот претседател, кој ќе ја добие довербата од граѓаните должноста треба да ја преземе по 12 мај кога, според Уставот, му истекува петгодишниот претседателски мандат на Ѓорге Иванов.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело. Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори (од 1990 до 2006 на секои четири години) и два предвремени парламентарни избори во 2008 и 2011 година. Овие предвремени парламентарни избори, се трети по ред предвремени избори распишани од иста власт. Првите предвремени избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги распиша пролетта 2008 година, вторите предвремени се одржаа во 2011. 123-те пратенички места во Собранието на Република Македонија ќе се распределуваат по Донтов систем. Шесте изборни единици обезбедува по 20 пратеници од секоја единица, а дијаспората обезбедува тројца пратеници, односно по еден пратеник од секоја изборна единица, обезбеден по мнозинскиот модел.
Гласање во првиот круг од претседателските избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00
Директен линк

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИK), најголем процент на одѕив имаа парламентарните избори во 2002 година, кога гласале над 73 проценти од избирачите. Висок процент на одѕив имаше и на последните парламентарни избори во 2011 година, кога бројката стигна до 63,5 отсто.

Според Изборниот законик, гласачките места започнуваат со работа во 7 часот наутро и гласањето трае непрекинато до 19 часот. Доколку се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што задоцнило. Гласачките места затвараат во 19 часот, но на оние гласачи кои се затекнале на местото на гласањето ќе им биде овозможено да си го остварат своето право на глас.

Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, но не започнува со броење на гласовите пред 19,00 часот. Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.

Првите изборни од изборите се очекуваат утре до полноќ, а конечните ДИК треба да ги соопшти 24 часа по затворањето на избирачките места.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG