Достапни линкови

Власта мисли дека може да се извлече


Џим Боумела, претседател на Меѓународната федерација на новинарите.

Џим Боумела, претседател на Меѓународната федерација на новинарите.

Очигледно дека властите се релаксирани кога се работи за сериозни прашања поврзани со слободата на говор за кои е побарано од нив да интервенираат и да ги решат веднаш, вели претседателот на Меѓународната федерација на новинари Џим Боумела во разговор за Радио Слободна Европа.

Господине Боумела, во Македонија сте по повод конференцијата посветена на работните и професионалните права на новинарите. Кој е вашиот впечаток за тоа во какви услови работат новинарите во земјава?

Јас сум многу среќен бидејќи синдикатот направи значителна работа со тоа што најде доста примери и од нив се извлекоа заклучоци што е многу корисно. Така што, имам многу детали и податоци во моите раце во однос на условите за работа, многу студии и правни коментари на речиси целата нивна работа. Така што, тие ја направиле својата домашна задача и на мене ми остана да дојдам да им ја дадам мојата поддршка и да донесам правилен заклучок, кој ќе го пренесам во Федерацијата.

Пред неколку години изјавивте дека новинарите работат во неподносливи услови. Дали ситуацијата сега е влошена?

Според она што го прочитав и според истражувањето кое го направив ситуацијата се влошува. Условите за работа кои се регулирани според меѓународните закони, како и признавањето на синдикатот и фактот дека може да преговара лесно и на правиот начин не се почитуваат. Така што, генералниот проблем е грижата која владата ја презема во однос на почитување на законските права на македонските работници и новинари. Плус има одредени прашања во врска со новинарството и типот на медиумските организации без разлика дали се јавни или независни каде новинарите се искористени на многу лош начин. Тие едноставно се борат против сите препреки и едноставно се борат да преживеат секојдневно, не само поради условите за работа, туку и за нивниот професионален живот, бидејќи ние на условите за нив гледаме како на две страни на една монета. Доколку имате добри услови за работа и сте добро организирани вие најчесто сте во околина каде имате можност работата да ја извршувате како што треба. Но тоа не е случајот овде.

Дали во Македонија има слобода на говор кога имаме новинари во притвор, судовите одредуваат високи казни и Македонија паѓа на ранг листите?

Ние работевме со синдикатот овде и реагиравме кога имаше напади на слободата на говор. Интервениравме кога вашиот колега беше уапсен. Но, како што може да видиме, властите, иако случајот се прошири, пружаа отпор и не реагираа добро на загриженоста од страна на меѓународната заедница и истовремено им беше забрането присуството на новинарите во парламентот и пак тоа беше само фарса. Но, тогаш кога интервениравме повторно, одговорот не беше како што очекувавме. Очигледно дека властите се релаксирани кога се работи за сериозни прашања поврзани со слободата на говор за кои е побарано од нив да интервенираат и да ги решат веднаш. Но, тие секогаш наоѓаат причина зошто не можат тоа да го спроведат и зошто не сакаат. Доколку Македонија сака да биде дел од Европа властите мора да научат да живеат според нивните норми, бидејќи има и многу меѓународни инструменти кои може да се искористат против нив. Во моментов по сè изгледа има релаксирано расположение и тие мислат дека може да се извлечат.

Колку состојбата на новинарите може да се подобри кога знаеме дека владата е и еден од најголемите огласувачи во медиумите?

Владата ја користи таа моќ за финансирање на медиумите особено со рекламирањето. Тие го притиснуваат вистинското копче поради што луѓето нема да ги бојкотираат и не се справуваат со нив на правиот начин. Се разбира тоа не е во ред и Владата мора да ја сфати улогата на медиумите и важната мисија која ја имаат новинарите во градењето на основата на нацијата. Играта која ја играат нема да им служи и нема да ги одведе многу далеку. Во однос на прашањето за законските норми, ги споменав европските каде дејствуваат организации како нашата каде е вклучен и локалниот синдикат. Имаме и доста влијание преку лобисти и политичари, така што ако во нешто сме добри, а тоа е ако има закони, тогаш ние ќе се осигураме да бидат имплементирани и ќе направиме сè што е во наша моќ за да извршиме притисок. Сега не е време да се поткопа улогата на медиумите, бидејќи што повеќе се прави тоа, демократијата во земјата ќе пати и подобро што побрзо властите да го сфатат тоа.

Колку новинарите може сами да влијаат во подобрување на нивните услови за работа?

Важно е да се разбере зошто новинарите се чувствуваат деморализирано и депресивно и нивната реакцијата да сакаат да бидат поделени. Тука е важна улогата на синдикатот и тоа што новинарите имаат можност да се сретнат на конференцијата и да разговараат како да бидат колектив и да зборуваат во еден глас, како да имаат можност да го зголемат капацитетот на нивниот синдикат за да ги претставува подобро. Сето тоа е многу важно и нашата улога на федерација во која се вклучени сите синдикати е силата која ја имаме за да си помогнеме и луѓето да бидат сигурни дека можат да го постигнат тоа. Мислам дека новинарите треба да сфатат дека тоа не може никој друг да го направи наместо нив и затоа треба заедно да ги решаваат проблемите и да преземат акција. Само тоа ќе ја смени околината за новинарите во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG