Достапни линкови

Медиумите навивачи на изборите


Очигледно е дека дел од медиумите се поангажирани и од самите партии во афирмација на партиските политики, особено на партиите од власта, вели директорката на МИМ, Билјана Петковска.

Недостига професионализам во медиумското покривање кое може да претставува проблем во предизборната кампања, а публиката не сака навивачко новинарство, велат упатените по забелешките од меѓународната заедница за влошување на слободата на изразување. Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска вели дека медиумското известување ниту е непристрасно и избалансирано, ниту има дистанца од политичките субјекти како што стои во кодексот на новинарите.
Очигледно е дека дел од медиумите, особено телевизиите и интернет порталите се поангажирани би рекла и од самите партии во афирмација на партиските политики, особено на партиите од власта.

„Очигледно е дека дел од медиумите, особено телевизиите и интернет порталите се поангажирани би рекла и од самите партии во афирмација на партиските политики, особено на партиите од власта и оцрнување на нивните политички противници. Веќе доминира дискурсот на, би го нарекла, едно навивачко новинарство, а како што наближуваат изборите, навивањето ќе биде пожестоко и ќе се сведува на чиста пропаганда“, вели Петковска.
Сметам дека тие информации кои се добиваат, особено за време на избори, од страна на поголемите медиуми, односно националните медиуми во Македонија се земаат со огромна доза на резерва и сметам дека тие на некој начин се занемаруваат од страна на граѓаните.

Артан Садику од Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје вели дека проблемот се создава околу концептот на професионално новинарство. Никаде во светот не се исклучува можноста медиумските куќи да имаат политичка преференција, но никогаш не се става под прашање професионалноста на известувањето, вели тој.

„Она што кај нас во последните години се случува е тотално занемарување на тој принцип на професионалност и имаме на некој начин отворање на паравани или преземање на медиуми од страна на политичките партии со што, особено за време на избори, тие медиумски машинерии се мобилизираат во услуга на една или друга политичка партија со што целосниот јавен медиумски простор станува недостоен медиум како таков“, вели Садику.

Особено поради интензитетот на препукувања кои се случуваат во медиумите, особено пред избори, самите граѓани сфаќаат дека јавните гласила се ставени во функција на поддржувачи на одредени политички партии, вели Садику.

„Сметам дека тие информации кои се добиваат, особено за време на избори, од страна на поголемите медиуми, односно националните медиуми во Македонија се земаат со огромна доза на резерва и сметам дека тие на некој начин се занемаруваат од страна на граѓаните, сметајќи дека се во функција на одредена политичка партија, односно на нивните предизборни кампањи“, вели Садику.

Медиумите се честа причина за загриженост меѓу претставниците на меѓународната заедница. Крис Хеншо од Националниот демократски институт во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека земјава од 2009 година има паднато од 34 место во светот на 123 место на листата на „Репортери без граници. Од НАТО е дадено до знаење дека на патот кон интеграции во Алијансата, освен решавање на спорот со името, Македонија мора да води сметка за политичкиот дијалог, реформите и слободата на медиумите.
XS
SM
MD
LG