Достапни линкови

Ако една од политички партии прва излезе со свој кандидат прва, во тој случај тој кандидат може да биде „медиумски плен“ на другата партија, може да биде етикетиран, политички бомбардиран, оцрнуван, вели универзитетскиот професор Горан Илиќ.

Сега кога и официјално се знае дека на 13 април ќе се одржат редовните претседателски избори, согласно законските процедури, изборната кампања треба да почне 20 дена пред денот на изборите, односно на 24 март, а ќе трае до 11 април. Рокот за доставување на кандидатурите до ДИК истекува на 13 март, или 30 дена пред денот на изборите. Од ДИК соопштија дека јавниот увид на избирачкиот список започнува на 16 февруари, а завршува на 7 март. Собирањето на потписите започнува исто така на 16 февруари, а ќе заврши на 2 март. Македонските државјани кои се на привремен престој или работа во странство, имаат право од денот на распишување на изборите до крајот на јавниот увид да поднесат пријави за гласање во дијаспората.
Која и да било од тие политички партии ако излезе со свој кандидат прва, во тој случај тој кандидат може да биде „медиумски плен“ на другата партија.

Но освен тоа што своите номинации за претседателската трка во јавноста ги објавија универзитетската професорка Билјана Ванковска, лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, а професорот Јове Кекеновски најави самономинација на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, од доминантните политички партии засега ги кријат имињата на потенцијалните кандидати кои ќе ги поддржат.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го потпиша Решението за распишување избор на претседател на Република Македонија.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го потпиша Решението за распишување избор на претседател на Република Македонија.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека партиската конвенција за избор на кандидатот за претседател ќе се одржи на крајот на февруари или во почетокот на март. И опозицискиот СДСМ засега немаат официјална потврда за името на кандидатот кој ќе биде нивен адут на изборите. Ваквото однесување на партиите кое навлегува во сферата на политичко калкулирање, според професор Горан Илиќ го дозволува нашиот модел на процедурална демократија.
Што подоцна се објавуваат имињата на кандидатите, општеството има помалку време нив да ги помине низ ситото на општеството, па да ги анализираат кандидатите

„Во делот кој што е вграден во Уставот на Република Македонија околу номинацијата и кандидирањето на кандидати за претседател го дозволува тоа, но тоа повеќе кореспондира со она што се нарекува процедурална демократија, што во основа е демократски, но она што ние треба да се научиме е дефинитивно таа материјална или супстанцијална демократија која подразбира константно не само провејување на политички комуникации во политичкиот систем на Република Македонија, туку и зголемен степен на транспарентност и во номинација на кандидатите и во кандидирањето“, вели Илиќ.

Една од причините за партиските калкулации и тактизирања се политичките надмудрувања, консултации со внатрепартиските тела, мерење на рејтингот на возможните кандидати кај членството, стравот од црна кампања за противкандидатот и сл., вели Илиќ.

„Која и да било од тие политички партии ако излезе со свој кандидат прва, во тој случај тој кандидат може да биде „медиумски плен“ на другата партија, може да биде етикетиран, може да биде условно речено политички бомбардиран, оцрнуван, а од друга страна се настојува што повеќе да се добие на време, со цел да се скрати таа евентуална можност за оцрнување.“

Тоа е уште едн доказ на големата партизација и разделеност во општеството. Кај нас не станува збор за кандидатите, туку за партиите. Што подоцна се објавуваат имињата на кандидатите, толку повеќе партиите го префрлаат фокусот врз себе, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

„Што подоцна се објавуваат имињата на кандидатите, општеството има помалку време нив да ги помине низ ситото на општеството, па да ги анализираат кандидатите, така да со подоцното објавување на кандидатите партиите го префрлаат фокусот на себе“, вели Муслиу.

Политичките аналитичари истакнуваат дека е многу подобро процесот на номинација и кандидирање на претседателските кандидати да се одвива многу порано, а не само во законски утврдениот рок, поради тоа што тоа им дозволува повеќе време за кампања и јавна дебата, како и можност јавноста многу подетално да ги запознае кандидатите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG