Достапни линкови

logo-print

Вештачка криза за зголемување на рејтингот на владините партнери


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Често се случува на површина да испливаат големи несогласувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но на крај двете партии секогаш наоѓаат заеднички јазик и заканите за напуштање на коалицијата никогаш не се реализираат.

Несогласувањата и влошени односи за некои прашања во владејачката коалиција не се ништо ново, туку напротив многу често ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во јавноста и преку медиумите на површина ги изнесуваат проблемите за кои се чини дека немаат решение, велат експертите. Но, и покрај таквата ситуација, на крајот двете партии секогаш наоѓаат заеднички јазик и заканите за напуштање на коалицијата никогаш не се реализираат.
И го оставаат проблемот недоволно решен или нерешен за во идна ситуација повторно да го искористат за одвлекување на вниманието на јавноста и за зголемување на рејтингот.

Професор Здравко Савески вели дека таа шема на коалиционите партнери постојано се повторува и се поставува прашањето дали тоа свесно се прави. Според него, не е тешко да се претпостави дека нивната игра не е случајна.

„Коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постојано, тоа веќе стана карактеристика на нивното владеење, во одреден период самите создаваат политичка криза, имаат доста големи несогласувања кои навидум делуваат доста сериозно, но одеднаш потоа ја спуштаат топката како ништо да не било и продолжуваат по старо, договорно, во ред“, вели Савески.
Оваа политика повеќе е нивна потреба како да се опстане на власт.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека веќе одамна стана стил на делување на владејачките партии сами да создадат политичка криза за потоа сами да ја решат.

„Тие кризи се по потреба секогаш присутни кога нешто лошо се случува или кога се ближат изборите. Сега веќе ДУИ ќе почне да отвора одредени тензични прашања, веќе почнаа со консензуалниот претседател кој воопшто ништо не значи, туку создава впечаток дека тие имаат некои барања и тие барања треба да се решат“, вели Демири.

Според Савески, и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ свесно играат на картата на национализмот за да го зголемат рејтингот и да го одвлечат вниманието на јавноста од реалните проблеми.

„И го оставаат проблемот недоволно решен или нерешен за во идна ситуација повторно да го искористат за одвлекување на вниманието на јавноста и за зголемување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците и на ДУИ кај Албанците“, вели Савески.

И Демири додава дека владата таквата политика не ја практикува за да ги реши проблемите на граѓаните.

„Така што, оваа политика повеќе е нивна потреба како да се опстане на власт“, вели Демири.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG