Достапни линкови

Со изменет изборен законик до почесни избори


Илустрација.

Илустрација.

Во предизборниот период се забранува почеток на градби и пуштање во употреба на објекти изградени со буџетски пари. МВР ќе го ажурира избирачкиот список четирипати годишно и директорот на МТВ ќе биде разрешен ако не обезбеди рамноправен третман на партиите.

Владата и парламентарните политички партии пред неколку дена постигнаа согласност за измените и дополнувањата на Изборниот законик. Министерот за правда Блерим Беџети тогаш информираше дека во него се вметнати сите препoраки на ОБСЕ/ОДИХР. Според договорот, во предизборниот период се забранува почеток на градби и пуштање во употреба на објекти изградени со буџетски пари. Фиксните донации се ограничени на 50.000 евра, вклучително и за медиумите. Наместо со спреј, гласачите ќе се обележуваат со мастило. Партиите ќе може да бараат корекција на Избирачкиот список. МВР ќе го ажурира списокот четирипати годишно и директорот на МТВ ќе биде разрешен ако не обезбеди рамноправен третман.
Имате уредници коишто ги малтретираат своите вработени да пишуваат или да не пишуваат текстови и против своја волја за 300 евра плата, а од друга страна имате уредник во провладина телевизија којшто има милион евра, само што е откриено тоа.

На дневен ред на седницата е и предлогот за избор на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите, исто така по скратена постапка. Но, опозицијата одбива да гласа за новиот состав на комисијата, при што недостига дво-третинско мнозинство за тој да биде изгласан во Собранието.
Илустрација.

Илустрација.


Пратениците меѓудругото ќе се изјаснат и по предлог законите за изменување и дополнување на законите за медиуми по скратена постапка. На седницата на Комисијата за транспорт и врски при Собранието не беа прифатени трите амандмани кои ги поднесе опозицијата. Амандманите се однесуваа на бришење на зборовите „поттикнување слобода на изразување“ од законот, која според опзоицијата е бесмислена во услови кога новинари се затвораат, а медиумите се казнуваат.
Овој амандман на членот 1 го поставуваат само за да се дискредитира сето она што го имавме направено во изминатиов период по однос на разговорите коишто ги водевме со сите засегнати страни од новинарската фела.

„Имате уредници коишто ги малтретираат своите вработени да пишуваат или да не пишуваат текстови и против своја волја за 300 евра плата, а од друга страна имате уредник во провладина телевизија којшто има милион евра, само што е откриено тоа“, рече пратеникот на СДСМ Јани Макрадули, на што реагираше министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

„Овој амандман на членот 1 го поставуваат само за да се дискредитира сето она што го имавме направено во изминатиов период по однос на разговорите коишто ги водевме со сите засегнати страни од новинарската фела“, вели Ивановски.

Опозицијата побара и еден од овластените предлагачи на членовите на Агенцијата да биде Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници. Ивановски не го прифати амандманот, бидејќи синидкатот не бил репрезентативен. Измените во законите се однесуваат на изоставување на интернет порталите од законите, а печатените медиуми да имаат обврска да објавуваат импресум и сопственичка структура, како и да ги заштитат малолетните лица од порнографски содржини.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, по прифаќањето на овие забелешки, кои беа протолкувани како негова согласност со законите, изјави дека бил спинуван од владата. Според Селмани, Здружението на новинари не било во преговори со владата и порача дека и натаму се против донесувањето на законите за медиуми.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG