Достапни линкови

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го пеглаат концептот за претседател


Демократската унија за интеграцијa.

Демократската унија за интеграцијa.

Од ДУИ велат дека охрабрени продолжуваат со идејата за консензуален претседател и на оваа тема разговараат со нивниот коалиционен партнер, но од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален став околу ова прашање. Сите партии тактизираат и го мерат пулсот на гласачите, велат аналитирачите.

Претседателските избори и внатрепартиските избори биле тема на разговор на вчерашниот состанок на Претседателството на Демократската унија за интеграција. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека уште еднаш ја потврдиле потребата од воведување на нов стандард во изборот на претседател.
Го охрабри претседателот на ДУИ да продолжи со разговорите со коалициониот партнер да се најде, да се договори во однос на концептот за консензуален кандидат за претседател.

„Тоа е консензуален кандидат којшто ќе биде рефлексија на волјата на сите граѓани на државата, со цел да се создаде кохезивен центар на општеството кој ќе ги сплоти сите слоеви, од етнички, политички и друг карактер, така да го охрабри претседателот на ДУИ да продолжи со разговорите со коалициониот партнер да се најде, да се договори во однос на концептот за консензуален кандидат за претседател.“

Од ДУИ велат дека охрабрени продолжуваат со идејата за консензуален претседател и на оваа тема разговараат со нивниот коалиционен партнер, но од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален став околу ова прашање, само пратеникот Антониот Милошоски во интервју за Република рече дека „кандидатот за претседател нема да ни го избира ДУИ“. Од СДСМ велат дека првин ќе почекаат на исходот што од
Ако претседателот го бираат граѓаните, мислам дека е редно претседателските кандидати многу порано да се објават, за да може да поминат низ ситото на граѓаните.
разговорите што за ова прашање се води меѓу партиите на власт, за да ја коментираат идејата. Тие најавија дека на изборите одат со свој кандидат.

Според пишувањата на медиумите се очекуваше на состанокот да се разговара и на темата предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските, но Османи вели дека таа тема не се отворила на вчерашното претседателство.

„Додека Претседателството не разговара за било кое прашање, ние го сметаме за шпекулативно, така да не е разговарано за тоа на Претседателството до сега.“

Сите партии тактизираат и го мерат пулсот на гласачите, вели аналитирачот Алберт Муслиу. Со тоа што се уште не се знаат кандидатите за претседател, партиите не ставаат пред свршен чин, вели Муслиу. Тој вели дека ако партиите не се подготвени за ваков начин на избор на претседател, треба да размислат да го променат начинот на бирање на шеф на државата.

„За да може да им се прилагоди на нивниот политички начин на однесување и да го изберат во парламент, а ако претседателот го бираат граѓаните, мислам дека е редно претседателските кандидати многу порано да се објават, за да може да поминат низ ситото на граѓаните, а не само да ги задоволат потребите на политичките партии“, вели Муслуи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG