Достапни линкови

Странски инвестиции - Ем добри, ем најслаби во регионот


Архивска фотографија: Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“.

Архивска фотографија: Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“.

Додека Владата на големо ги промовира пофалбите од извештајот „Дуинг Бизнис“, Агенцијата за трговија и развој при Обединетите нации летово објави дека Македонија е последна во регионот по приливот на странски инвестиции.

Владата навидум е упорна со најавите за странски инвестиции, но покрај „роуд шоуа“, кампањи и поволности и искачувања на ранг листи за деловна клима, Македонија е последна во регионот по приливот на странски капитал, според проценките на Обединетите нации. Министерот за финансии Зоран Ставрески неодамна процени дека за седум години во Македонија биле инвестирани 1.8 милијарди евра странски капитал.
Има определени локациски предности, посебно доколку се вложи во инфраструктурата. Поврзаноста со регионот не е баш најдобра, ама генерално не би требало многу да се очекува од некои особено големи странски инвестиции.

Сам по себе податокот може да се интерпретира како енормен износ пари, но ако се спореди со минатогодишниот приход на странски инвестиции во Хрватска од околу една милијарда евра (1,25 милијарди американски долари), испаѓа дека соседите се поуспешни во прибирањето на странски капитал.
Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.


Ваквиот проблем се провлекува веќе 20 години вели д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.

„И конечно, се работи за еден регион кој нема некои, посебно сега во оваа криза, некои особено добри показатели, како кога станува збор растот, така и кога станува збор за стабилноста, макроекономска и вкупна“, вели тој.
Сè додека ги контролирате медиумите, народот може да го раните со празна лажичка.

Нереално е да се очекува којзнае какво зголемување на странските инвестиции, вели Глигоров и појаснува:

„Има определени локациски предности, посебно доколку се вложи во инфраструктурата, бидејќи и тоа е проблем, што инфраструктурата во Македонија и поврзаноста со регионот не е баш најдобра, ама генерално не би требало многу да се очекува од некои особено големи странски инвестиции“, вели Глигоров.

Додека Владата го промовира извештајот „Дуинг Бизнис“, на кој Македонија напредува по проценката за бизнис климата, Агенцијата за трговија и развој при Обединетите нации летово промовираше поразителна статистика за приливот на странски пари. Лани во земјава влегле 135 милиони долари инвестиции. Пред нас се сите земји во регионот, на пример Албанија со 957 милиони и Косово 298 милиони странски инвестиции. Во Хрватска странците инвестирале десет пати повеќе пари во споредба со Македонија. Се поставува прашањето што ги мотивира политичарите упорно да најавуваат нови инвестиции покрај ваквите податоци. Политикологот Мерсел Биљали вели дека станува збор за виртуелни остварувања.

„Цело време јавноста се држи со убедување дека сепак ќе имаме инвестиции, дека власта прави максимални напори тоа да се случи, но бројките покажуваат нешто друго. Ние практично сме земја која е последна во регионот според странски инвестиции“, вели тој.

До кога ќе издржат ваквите најави ако нема пари? Биљали одговара:

„Па, сè додека ги контролирате медиумите, народот може да го раните со празна лажичка“, вели Биљали.

Според проценките на власта, од почетокот на годинава до јули од странство се инвестирале 130 милиони евра.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG