Достапни линкови

Груевски - невработеноста се уште најголем предизвик


Втор Глобален инвестициски самит во Охрид.

Втор Глобален инвестициски самит во Охрид.

Се уште најголем предизвик е невработеноста, иако во исклучително тешки услови успеавме значајно да ја намалиме од превисоките 38 проценти во 2006 година, на се уште високите, но во едни тешки времиња, прилично намалена на околу 28 отсто. И таа се уште ќе остане во фокусот на нашето внимание креирајќи мерки и политики за отварање на нови работни места во Македонија, рече премиерот Никола Груевски на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија

Македонија има потенцијали да постигне динамичен економски развој и потенцијал да стане лидер во повеќе иновативни сектори во информатичките технологии, органското производство на храна и обновливите извори на енергија, беше речено на отварањето на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија кој е во организација на Македонија 2025.
Се уште најголем предизвик е невработеноста, иако во исклучително тешки услови успеавме значајно да ја намалиме од превисоките 38 проценти во 2006 година, на се уште високите, но во едни тешки времиња, прилично намалена на околу 28 отсто.

Зоран Мартиновски член на одборот на директори во Македонија 2025 рече дека големината на земјата не е пресудна за развој на една економија.

„Тоа ни дава основана надеж дека доколку правилно ги искористиме ресурсите во земјата и ги насочиме луѓето, за кратко време Македонија може да го доживее растот на Естонија, Латвија, а подоцна да покажеме и дека македонските компании можат да бидат доверливи партнери за соработка и да поттикнеме извоз на македонски производи. Посветеноста на нашиот одбор на директори да ја поддржа
Македонија продолжи и оваа година“, рече Мартиновски.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски говорејќи за успесите кои неговата влада ги постигнала во делот на економијата, рече дека главен предизвик за земјата останува намалување на невработеноста.

„Се уште најголем предизвик е невработеноста, иако во исклучително тешки услови
Овој настан внесува позитивна енергија и оптимизам околу привлекување на инвестиции, подобрување на деловната и бизнис клима во Македонија. Генерално секторите каде имаме најголем успех се автомобилската, прехранбената, машинската, земјоделието каде има се поголем успех.
успеавме значајно да ја намалиме од превисоките 38 проценти во 2006 година, на се уште високите, но во едни тешки времиња, прилично намалена на околу 28 отсто. И таа се уште ќе остане во фокусот на нашето внимание креирајќи мерки и политики за отварање на нови работни места во Македонија. Македонија има и стабилна макро економска ситуација, затоа што имаме ниска инфлација од околу 2,5-3 проценти и имаме низок државен долг со 33,8 отсто од бруто домашниот производ што е четврти најнизок државен долг во Европа“, рече Груевски.

Самитот е одлична можност за македонскиот бизнис сектор да воспостави контакти со претставници на странски компании кои се присутни на собирот и да договорат конкретна соработка. Самитот е најголем економски деловни форум кој дава можност за промоција на инвестициите, а со тоа и шанса за извоз на македонските производи, изјави Веле Самак, министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции.

„Овој настан внесува позитивна енергија и оптимизам околу привлекување на инвестиции, подобрување на деловната и бизнис клима во Македонија. Генерално секторите каде имаме најголем успех се автомобилската, прехранбената, машинската, земјоделието каде има се поголем успех.“

Џери Наумоф, македонски бизнисмен од САД и од неодамна министер без ресор задолжен за странски инвестиции, рече дека потенцијалот кој го има дијаспората за инвестирање во Македонија е многу голем. Во Охрид се присутни и претставници и директори на компании од повеќе од 20 држави, од САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Турција, Унгарија, како Phillips, Deutsche Telekom, Acibadem Turkey.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG