Достапни линкови

Колку чини рекламирањето во странство?


Се уште не се знае колку пари ќе се потрошат догодина за промоција на земјата. Во буџетот за оваа година е наведено дека Агенцијата за странски инвестиции за економски маркетинг и промоција ќе добие 207.526 милиони денари.

Македонија како поволна дестинација за странски инвестиции и оваа година ќе се рекламира на телевизијата Си-Ен-ЕН, весникот Фајненшл тајмс, а владата ќе соработува и со магазинот Форбс. Се уште не се знае сумата која ќе биде потрошена за промоција на земјата. Во буџетот за оваа година е наведено дека Агенцијата за странски инвестиции за економски маркетинг и промоција ќе добие 207.526 милиони денари.
Подобро е прво да се искоординираме, прво да створиме реални услови, а потоа да одиме, не во таква, и во уште поголема офанзива. Секој вложен денар во промоција на странски директни инвестиции нам ни се враќа неколкукратно. Не треба ние да се секираме дали владата троши на тоа или не, меѓутоа ако некооридинирано ја правиме таа кампања, тогаш секоја реклама многу лесно може да се претвори во антиреклама.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека треба да се поддржат сите напори за привлекување странски инвестиции, но се покажа дека трошењето пари за рекламирање на Македонија не се исплатува. Според него, рекламите имаат ефект само за да се забележи земјата и да се испромовираат фискалните промотивни мерки кои треба да привлечат странски инвестиции.
Илустрација.
Илустрација.

„Ама кога тие реално ќе ја видат состојбата, а згора на тоа ако ни го видат и судството, испаѓа дека бадијала работиме. Така што, подобро е прво да се искоординираме, прво да створиме реални услови, а потоа да одиме, не во таква, и во уште поголема офанзива. Секој вложен денар во промоција на странски директни инвестиции нам ни се враќа неколкукратно. Не треба ние да се секираме дали владата троши на тоа или не, меѓутоа ако некооридинирано ја правиме таа кампања, тогаш секоја реклама многу лесно може да се претвори во антиреклама“, вели Витанов.
За да дојдат инвестиции потребно е многу повеќе, прво е потребна солидна клима и фактот што овие надвор што знаат за Македонија веднаш велат, па таму има многу корупција, е од тоа треба да се ослободиме.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернејшнал Македонија.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернејшнал Македонија вели дека владата има обврска на граѓаните да им ја каже сумата која ќе ја потроши, иако реномираните странски медиуми не би си дозволиле да склучат договор во кој може да има основа за корупција.

„Сите тие договори кои се склучуваат, а за кои се трошат јавни пари, мора да бидат јавно објавени и јас не гледам дека тоа би и пречело на некој начин на владата, туку напротив, ќе допринесе за транспарентноста, а и уште повеќе да се расчистат овие сомневања дека можеби и тука ќе се крие некаква нечиста зделка“, вели Тасева.

Таа додава дека јасно е оти станува збор за голема сума на пари и потребно е да се направи анализа што добива земјата од промоцијата.

„Не е само да се дадат пари на Форбс за да не рекламира, но треба да знаеме зошто тоа се прави и дали тие пари не можеа да се искористат за нешто попаметно и попотребно за граѓаните на оваа држава, зашто видовме дека нема ефект од таквите рекламирања. За да дојдат инвестиции потребно е многу повеќе, прво е потребна солидна клима и фактот што овие надвор што знаат за Македонија веднаш велат, па таму има многу корупција, е од тоа треба да се ослободиме“, вели Тасева.

Според Витанов, тоа се фрлени пари, бидејќи стратегијата на владата не е во корординација со монетарната политика и затоа не можат да се постигнат подобри резултати, бидејќи кај компаниите има заинтересираност, но на крајот не инвестираат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG