Достапни линкови

Повисоки плати и пензии од кредити и казни


Како се планира зголемување на пензиите со новиот буџет во услови кога и за годинашниов се бара ребаланс за исплата на пензии и плати. Од каде пари? Пак кредити?

Од Каде пари? Повисоките плати и пензии ќе се исплаќаат од кредити и казни и од кратење на ветени капитални инвестиции, велат дел од економистите.

Професор Никола Поповски забележува дека владината политика за платите на административците и пензиите е повеќе основана на додворување отколку на економска логика. Тој забележува дека намалувањето на платите во стопанството, кое го финансира јавниот сектор, нема никакво влијание на примањата во јавниот сектор.
Тоа владата не може да го постигне со приходите од приватниот сектор и нормално прибегнува кон дефицит, односно кон земање на кредити со што го надополнува буџетот, кој, за жал гледаме, дека покрај за други намени, завршува и за плати и за други давачки, тоа не е во ред, од економска гледна точка тоа мал број на економисти или политичари би го оправдале.
Никола Поповски, универзитетски професор.

„Тоа владата не може да го постигне со приходите од приватниот сектор и нормално прибегнува кон дефицит, односно кон земање на кредити со што го надополнува буџетот, кој, за жал гледаме, дека покрај за други намени, завршува и за плати и за други давачки, тоа не е во ред, од економска гледна точка тоа мал број на економисти или политичари би го оправдале.“

Гледајки кон минати години, со ребалансите често се подјадуваа парите за капитални инвестиции, што го покрева прашањето како ќе се оствари економски раст ако власта пак скрати од профитабилните трошоци ? Проектите на владата се често два пати поголеми од тоа што реално се остварува, вели Поповски.

„Што значи дека таа ги проектира на повисоко ниво растот и инвестициите, на крја не може тоа да го реализира, нема ни доволно средства за остварување на инвестициите и ги пренаменува средствата. На почетокот на годината се фали дека многу ќе инвестира, дека ќе има раст итн, за на крајот на годината на мала врата да ги пренамени и да бара повеќе пари за пензии и плати, а
Тоа е една од тие мерки што сакаат да ги преземат за да ги зголемат платите и пензиите, втора работа, секогаш останува валидна опцијата да се позајми од странски институции или од емитување на облигации.
Висар Адеми, економски аналитичар.
никогаш не бара повеќе пари за капитални инвестиции.“

Платите за јавниот сектор и пензиите често се сметаат за непродуктивни расходи, имено трошоци кои значајно не придонесуваат кон создавање на профит и економски раст. Зачестеното казнување на фирми и граѓани покажува дека владата сака по секоја цена да собере пари вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Тоа е една од тие мерки што сакаат да ги преземат за да ги зголемат платите и пензиите, втора работа, секогаш останува валидна опцијата да се позајми од странски институции или од емитување на облигации.“

Владата веќе на големо информира за нови казни што за економистите е обид за прибирање пари во буџетот. На пример, секоја зграда ќе треба да штеди струја - во спротивно се предвидуваат казни од 3-5 илјади евра. Ако нема пари од казни, тогаш се зајми, но според Адеми и позајмените пари неисплатливо се трошат.

„Нема економска логика во тоа да се позајмат пари за да се покачат плати, ако нема економски развој во државата, нема некоја нова институција или некој економски модел.“
XS
SM
MD
LG