Достапни линкови

logo-print

Опозиција - „7 години празни ветувања“


Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје.

Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје.

Ништо ново и различно од она што го слушаме 7 години. Вака реагира опозицијата на вчерашните ветувања на премиерот Никола Груевски пред стопанствениците за економски раст, инвестиции. Некои експерти пак велат дека македонската економија може да се покрене само со капитални инвестиции.

Ништо ново и ништо различно од она што го слушаме седум години, ветувања има, реализација нема, реагира опозицијата по вчерашниот двочасовен говор на премиерот Никола Груевски пред стопанствениците во кој тој вети зголемување на плати и пензии, инвестиции во инфраструктура, како и донесување на Закон за фискална дисциплина според кој плаќањата меѓу приватните фирми, како и плаќањата меѓу јавниот сектор и приватните компании мора да се реализираат во рок од 60 дена.
Владата, од после седум години укажување од опозицијата и од експертите дека инвестирањето во споменици и други непотребни објекти не е добро, е сега ќе инвестира во инфраструктура, патишта итн. Исто така, после повеќе пати укажување од опозицијата дека треба да работи со домашните претпријатија, а не само да мисли дека ќе привлече странски инвестиции, еве сега во фокусот на вниманието се домашните инвестиции. Ќе видиме на крај што ќе излезе од тоа. Тие зголемувања на плати и пензии се очигледно предизборни, догодина е изборна година, барем за претседател.

Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов вели дека во изминативе седум години премиерот постојано нешто ветува, но плановите на крај остануваат нереализирани.

„Владата, од после седум години укажување од опозицијата и од експертите дека инвестирањето во споменици и други непотребни објекти не е добро, е сега ќе инвестира во инфраструктура, патишта итн. Исто така, после повеќе пати укажување од опозицијата дека треба да работи со домашните претпријатија, а не само да мисли дека ќе привлече странски инвестиции, еве сега во фокусот на вниманието се домашните инвестиции. Ќе видиме на крај што ќе излезе од тоа. Тие зголемувања на плати и пензии се очигледно предизборни, догодина е изборна година, барем за претседател“, вели Узунов.

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски вели дека инвестирањето во инфраструктурата и навременото раздолжување меѓу фирмите и меѓу државата и фирмите се клучни активности кои и се неопходни на македонската економија.

„Нема сомнение дека само преку квалитетни капитални инвестиции, македонската економија може да се раздвижи и да го постигне посакуваниот степен на економски раст, кој од своја страна во иднина ќе значи, во генерална смисла, и подобрување на животниот стандард на луѓето изразено пред сè преку нови вработувања и обезбедување на, она што значи најгорливото прашање за македонскиот народ, а тоа е наоѓање на работа“, вели Ивановски.

Тој вели дека решавањето на проблемот со ликвидноста ќе значи дополнително раздвижување на економијата и можност стопанствениците да размислуваат за инвестиции, а токму инвестициите од приватниот сектор се најважни за економскиот раст.
Премиерот Груевски, во вчерашниот говор, побара и поголема општествена одговорност од компаниите.

„Ништо со вас нема да понесете кога ќе си заминеме од овој свет. Размислете малку за една стара мудрост која мојот покоен вујко Јордан Мијалков честопати ја користеше додека бев дете велејќи - богат си толку колку што можеш да дадеш, мислејќи да помогнеш некому финансиски кога му е потребно и кога му е тешко. Богат си толку колку што можеш да дадеш, и конечно, вие добро знаете дека таа помош и општествена одговорност, покрај вистинската цел да помогнете некому, може да биде и одличен ПР за вашата компанија“, рече вчера Груевски.

Тој рече дека нема да има ново одложување на еколошките стандарди за големите компании од црната металургија. Тој најави дека за унапредување на лојалната конкуренција ќе се објавуваат имињата на граѓаните кои должат повеќе од 2.000 евра како и на фирмите кои должат над 5.000 евра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG