Достапни линкови

logo-print

Помалку отпад, но како?


Илустрација- депонија.

Илустрација- депонија.

Треба да се подигне свеста на луѓето да создаваат помалку отпад, но ниту во урбаните, ниту во руралните средини не постои инфраструктура која подразбира сортирање на отпадот во посебни садови.

Речни корита и реки преполнети со пластичен и секаков вид отпад, разлетани пластични ќеси и шишиња по улиците и патиштата, во Куманово и во останатите општини на Североисточниот регион, се резултат на несовесно и негрижливо однесување кон животната околина.
Првичната цел е промена на навиките, на културата. Граѓаните да почнат да размислуваат за отпадот и на каков начин тој се создава. Една од намерите е да се научиме да создаваме помалку отпад.

Еднодневните организирани акции или они кои се организираат еднаш годишно од граѓанските здруженија, поддржани од Министерството за животна средина, без оглед колку и да се полезни, секако не се доволни. Но, како што велат иницијаторите и организаторите на проектот, „Македонија без отпад“, подобро е да се започне од некаде, па макар тоа било и еднаш во годината.
Антонио Јовановски, координатор на проектот „Македонија без отпад“ во Куманово.

Антонио Јовановски, координатор на проектот „Македонија без отпад“ во Куманово.


Антонио Јовановски координатор на проектот „Македонија без отпад“, вели дека сите надлежни субјекти треба да ги спрегнат силите за да живееме во чиста животна околина. Подигањето на свеста на нашите граѓани се помалку да создаваат отпад и да не бидат под силно влијание на потрошувачкото општество исполнето со бројни реклами е неопходно за намалување на отпадот воопшто во државата.
Свесни сме дека за еден ден не може се да се исчисти, но тоа треба да се надградува во континуитет. Граѓаните се уште немаат свест ниту за фрлање отпад, ниту за рециклирање на одреден вид отпад.Треба да се подигне свеста и културата за однесување со отпадот.
Особено што сме опкружени со отпад кој не може да се разложи, распадне и по повеќе од едно столетие.

„Затоа имаме и делови предвидени за едукација. Првичната цел е промена на навиките, на културата. Граѓаните да почнат да размислуваат за отпадот и на каков начин тој се создава. Една од намерите е да се научиме да создаваме помалку отпад“, вели Јовановски и додава дека одреден вид отпад се селектира и се рециклира, како што според него со хартијата и со пластиката тоа веќе е регулирано.
Состанок за проектот „Македонија без отпад“ во Куманово.

Состанок за проектот „Македонија без отпад“ во Куманово.


Меѓутоа, ниту во урбаните, ниту во руралните средини не постои инфраструктура која подразбира сортирање на отпадот во посебни садови.

РСЕ: Кога ќе се однесе на депонијата Краста во близина на Куманово, кој таму го сортира отпадот?

„Во Дрисла, на пример, бидејќи таа е единствена лиценцирана депонија во Македонија. Значи едно е
За жал сведоци сме и гледаме дека се уште продолжува фрлање на било каков отпад и во реките и покрај речните корита.
собирањето во посебни канти што треба да го ставаат колективните постапувачи како „Пакомак“ или „Еуро екопак“, штом се однесе камионот на депонијата на влезната станица се селектира.“

Во нашата држава по се изгледа се уште не доволно е развиен бизнисот со отпадот, за што Јовановски објаснува:

„Има бизнис, отпадот е огромен бизнис. Но кај нас се уште недостасува капацитет, знам дека во некои градови и општини добро се работи на селекции, има фирми и општините самите инвестираат во тоа за потоа да имаат повраток на пари.“

Марко Панковски координатор од Североисточниот регион вели дека за чистење на отпадот граѓаните треба да се вклучат со општествените субјекти.

„Свесни сме дека за еден ден не може се да се исчисти, но тоа треба да се надградува во континуитет. Граѓаните се уште немаат свест ниту за фрлање отпад, ниту за рециклирање на одреден вид отпад.Треба да се подигне свеста и културата за однесување со отпадот.“

Ѓоко Стефановски од Регионалниот центар за справување со кризи, вели дека тие биле вклучувани во чистење на реките и речните корита за спречување на поплави. Токму таму по чистењето сега може да се најде отпад во големина од игла до локомотива, што:

„За жал сведоци сме и гледаме дека се уште продолжува фрлање на било каков отпад и во реките и покрај речните корита.“

За тоа да се исчисти Стефановски вели дека се неопходни:

„Дополнителни и финансиски и материјални средства. Повторен ангажман, што не би требало да се дозволи тоа.“

Како ќе се спроведе акцијата и колку граѓаните ќе се вклучат неизвесно е познавајќи го менталитетот на нашиот човек кој „остава“ некој друг да му го исчисти дворот. Апелите од организаторите и нивното настојување колку-толку да се исчисти отпадот можно е да ја разбудат свеста и совеста на многумина, но никој од нив не знае по акцијата каде отпадот ќе се исфрла и сортира кога за тоа нема соодветни садови или пак сортирачи.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG