Достапни линкови

Скопје меѓу чад и инсекти


Илустрација.
Илустрација.

Од една страна скопјани се борат со наездата на инсекти, од друга страна дишат загаден воздух.Чија е одговорноста?

Околу станбените згради во Скопје, а особено на терасите се појавуваат роеви оси, мушички, комарци, односно инсекти што меѓу некои граѓани предизвикува паника. Најголеми наезди има во вечерните часови. Луѓето се принудени да купуваат разни хемиски средства за уништување на инсектите што оневозможува проветрување на собите. Една скопјанка вели дека долго ќе ја памети годинешната наезда на инсекти.
Премногу ги има. Од молци нема спас и од комарци, исто. Оси што да ви кажам. Јас живеам во Маџар маало, еве видете како сум искасана, видете ми ги нозете.
Анкетиран граѓанин.

„Премногу ги има. Од молци нема спас и од комарци, исто. Оси што да ви кажам. Јас живеам во Маџар маало, еве видете како сум искасана,видете ми ги нозете.“

Некои луѓе велат дека во Скопје со оглед дека е котлина вообичаено е да има комарци и други инсекти кои при заладувањето исчезнуваат. Но низ градот веќе се пренесуваат приказни дека за сè се виновни општинските и градските власти и дека средствата за дезинсекција што се користат се неквалитетни. Други луѓе сметаат дека проблемот е системски. Куќни совети направија, но тоа не функционира. Порано имаше служби за
Може да биде и само да се запали, ѓубрето е само запаливо. Тоа не значи дека некој го запалил. Тоа значи дека општината треба да го истретира значи да го покрие со земја, ако на тој начин се истретира нема да се случува тоа.
Методија Саздов, Македонски зелен Центар.
дезинсекција и дезинфекција кои периодично спроведуваа уништување на инсектите во секоја зграда како и во училиштата,коментираат некои луѓе.

„Како да не, еднаш ќе пројдат со авион и толку. Да преземаат што е можно повеќе мерки зошто вака стварно не се живее.“

Од Град Скопје изјавија дека редовно вршат прскање против комарци додека за дезинсекција односно за уништување на мушички и други инсекти надлежни биле други служби.

Меѓутоа дополнителен проблем за градот претставува тоа што луѓето дишат неквалитетен воздух. Скопјани се сведоци дека во ноќните часови доаѓа чад поради палење на отпадот на депонијата Вардариште, но и од други локации.

„Не знам што е, зимно време ај ќумбињата, ама летно време не знам што е причина за чадот. Со изградбите уште повеќе се нарушува животната средина.“

Од Градот велат дека тие имаат инспекции во Вардариште и дека таму има реагирано и полицијата како и надлежната општина Гази Баба, но дека нема повидливи резултати зошто просторот е голем и дека за се биле виновни несовесни граѓани кои палеле отпад. Екологистите сметаат дека треба да се направат контроли и да се види дали некој го запалува отпадот.

„Може да биде и само да се запали, ѓубрето е само запаливо. Тоа не значи дека некој го запалил. Тоа значи дека општината треба да го истретира значи да го покрие со земја, ако на тој начин се истретира нема да се случува тоа“,изјави Методија Саздов од Македонскиот зелен Центар.

Според него, најголем проблем за квалитетот на воздухот во градовите е тоа што фабриките не ги имплементираат мерките за заштита на животната средина.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG