Достапни линкови

Несовесните уништуваат – надлежните молчат


Илустрација.
Илустрација.

Паркот во дебарската населба Вeнец е уништен, велат граѓаните. Додаваат дека се уништува и езерскиот пат и се загадува животната средина, но дека никој досега не е казнет.

Со поддршка на Американската Агенција за развој УСАИД во 1998 - 1999 година Дебар доби модерен парк во населбата Венец. Оваа нова населба во градот создаде одличен простор за одмор и рекреација како за возрасните така и за помладите. Особено мошне добро беше уредено детското катче. Но, за жал како што минуваа годините така паркот се уништуваше од страна на несовесни граѓани. Денес паркот е нефункционален и има големи оштетувања. Над 2.500 жители од оваа населба изгубија прекрасен амбиент за одмор и рекреација .
Очигледно е дека градот не успева да ја заштити оваа навистина убава донација со која населението од новата населба доби најубав парк во Дебар, вели Гоце Лубиновски од невладиниот сектор.
Паркот е изграден пред 15 години со поддршка на УСАИД, а при реализацијата партнер беше еколошкото друштво Дешат од Дебар. Местото каде што сега е паркот беше запуштено и беше локација каде се фрлаше смет и беше извор на потенцијални заразни болести особено за децата. Со иницијатива на наведеното дебарско еколошко дрштво и финасиската поддршка на УСАИД се изгради модерен прекрасен парк и градот доби убаво место за одмор и рекреација.
Гоце Лубиновски, невладин сектор.

„Паркот е изграден пред 15 години со поддршка на УСАИД, а при реализацијата партнер беше еколошкото друштво Дешат од Дебар. Местото каде што сега е паркот беше запуштено и беше локација каде се фрлаше смет и беше извор на потенцијални заразни болести особено за децата. Со иницијатива на наведеното дебарско еколошко дрштво и финасиската поддршка на УСАИД се изгради модерен прекрасен парк и градот доби убаво место за одмор и рекреација.“
Дебар.
Дебар.

Невладиниот сектор смета дека уништувањето на паркот покажува дека и населението и градот недоволно се ангажирани за да го одржат паркот.
„За жал одржувањето на паркот се покажа дека е неуспешно, така што по околу 15 години од ставањето во употреба на паркот, тој сега е нефункционален. Зеленилото е уништено, реквизитите за деца се уништени или имаат големи оштетувања и децата можат во одредени моменти да добијат и повреди. Свеста кај дел на граѓаните на Дебар не е на ниво, за паркот да се зачува како што беше на почетокот и тој да се одржува“, вели Лубиновски.
На почетокот кога паркот беше изграден беше убавина да се излезе и да се седне на клупите. Имаше се што треба. Паркот беше чист, имаше светло. Сега паркот е полн со кучиња и мачки. Реквизитите се уништени.
Жител на Дебар.

Дел од жителите на новата населба Венец во Дебар остро реагираат на хаотичната состојба на паркот .

„На почетокот кога паркот беше изграден беше убавина да се излезе и да се седне на клупите. Имаше се што треба. Паркот беше чист, имаше светло. Сега паркот е полн со кучиња и мачки. Реквизитите се уништени“, вели жител на оваа населба.

Друг жител подвлекува:

„Овој парк е донација на Американците. Ние благодариме за донацијата. Но сега паркот е во катастрофална состојба. Шахтите за наводнување се без капаци, јавно светло нема, нема многу работи кои беа поставени кога паркот беше изграден. Паркот воопшто не се одржува од никого.“

Кога сме кај бројните активности на УСАИД во Дебар треба да се нагласи дека и покрај големите активности на невладиниот сектор во општината, сепак несовесни граѓани фрлаат тврд отпад и смет на езерскиот пат долг околу еден километар. Овој пат, кој е изграден исто така со средства на УСАИД населението го користи за комуникација со езерото и езерските објекти, но и за рекреација и прошетка кон езерото. Сепак и покрај фрлањето на сметот на овој пат, до сега никој од оние кои фрлаат смет, го оштетуваат патот и ја загадуваат животната средина, не е казнет.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG