Достапни линкови

Загадувања по прописи и закони


Млади еконогисти маршираа во Скопје против загадувањето на воздухот.

Млади еконогисти маршираа во Скопје против загадувањето на воздухот.

Експертите велат дека се донесени сите потребни закони, но не се применуваат, а околината ја загадуваме уште повеќе. Екологистите, главно молчат.

Колку во суштина се знае за загадување на воздухот во Македонија. Ова е прашање кое се почесто се поставува. Во Битола неколку дена по ред интернет страницата на министерството за животна средна покажува загрижувачки податоци за загаденоста на воздухот со ситен прав. Надлежните ќе ја сервисираат мерната страница, а општината засега не презема мерки туку ќе почека да се сервисира опремата. Загадувањето на воздухот беше поприличен проблем минатaта зима и во Скопје кога мерниот инструмент во Центар покажуваше загрижувачки податоци, но подоцна истиот беше отстранет поради дефект и никогаш не беше вратен.
Според студиите и според дозволите што ги имаат индустриските капацитети правно се е регулирано како што треба, се е супер. Мислам дека не тоа што е внатре напишано Министерството за животна средина треба да си поведе контрола и да види дали е се така како што е напишано.

Експертите велат дека се донесени бројни закони, но дека околината ја загадуваме уште повеќе.

Александра Каракашова дипломиран инжинер за животна средина вели дека во последно време се повеќе се зборува дека е важно да се држиме до прописите донесени од надлежните институции но дека, за жал, според досегашните искуства може да се каже дека малку за ова се води сметка

„Според студиите и според дозволите што ги имаат индустриските капацитети правно се е регулирано како што треба, се е супер. Мислам дека не тоа што е внатре напишано Министерството за животна средина треба да си поведе контрола и да види дали е се така како што е напишано.“
По однос на зелените површини мислам дека е катастрофа, дека екологијата нема никаква смисла, дека воопшто за тоа никој не води сметка, сè се исцементира, сè се загади.

Освен од емисијата гасови кои доаѓаат од оџаците на индустриските капацитети својата популарност загадувањето најмногу ја должи и на намалувањето на зелени површини, градењето објекти без обезбедена заштита од прашина и воопшто отсуство на еколошка свест, коментираат граѓаните.

„По однос на зелените површини мислам дека е катастрофа, дека екологијата нема никаква смисла, дека воопшто за тоа никој не води сметка, сè се исцементира, сè се загади“, вели анкетиран граѓанин.

Истражувања за влијанието на квалитетот на воздухот врз здравјето не се напрвени. Но предупредувањата за загадувањата како малку до кого да допираат. Каракашова вели дека во Македонија постои еколошка свест, но дека изостанува посериозна реакција од еколошките здруженија поради нивната финансиска зависност.

„Зависи од финансиските средства и од политичките определби, најверојатно.“

Во повеќе наврати исто така се споменува дека се поголем проблем стануваат илегалните депонии на отпад на кои не се внимава што се фрла и во кои количини, што е опасно за здравјето на сите што живеат во околината. Во Тетово повеќе години е познат проблемот со депонијата во градот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG