Достапни линкови

Историска победа на Меркел


Коалицијата на канцеларот Ангела Меркел освои убедлива победа на изборите во Германија. Со тоа се отвори патот за нејзин трет мандат како лидер на најсилната економија во Европа.

Целосните резултати покажуваат дека меркелината конзервативна Христијанско демократска унија и сестринската Христијанско социјална унија добија скоро 42 отсто од гласовите, што е најдобар нивен изборен резултат во изминативе 23 години.

На претходните избори, тие имаа осум проценти помалку. Тоа е своевидна награда на гласачите за Меркел и нејзиното раководење во земјата во време на големата економска и финансиска криза во другите земји на Европската унија.

Како и да е, сегашниот коалициски партнер на Меркел, либералите, односно партијата Слободни демократи, претрпеа изборен пораз, освојувајќи помалку од пет проценти од гласовите или десет отсто помалку од пред четири години, што не е доволно за да влезат во парламентот.
Само би кажала дека сум среќна и среќата ќе ни даде сила да создаваме на најдобар начин во претстојните години. Имаме голема одговорност, но ние сигурно можеме да се справиме со тоа Ќе направиме се што можеме и наредните четири години да бидат успешни за Германија.
Ангела Меркел, германска канцеларка.

Тоа ќе биде за прв пат во повеќе од половина век Слободните демократи да не бидат претставени во во долниот дом на парламентот, Бундестагот.

Резултатите сугерираат дека Меркел ќе мора да преговара за евентуланат голема коалиција со ривалската левичарска Социјалдемократска партија, која го освои второто место со 25,7 отсто од гласовите или три проценти повеќе од минатите избори. Вториот коалицски партнер би можело да бидат Зелените кои добија над 8 проценти.

Меѓутоа, аналитичарите ја исклучуваат таквата можност, имајќи ги предвид големите разлики меѓу двете страни. Посматрачите очекуваат дека престојат неколунеделни тешки преговори пред Германија да добие нова влада.

Меркел е третиот канцелар кој добива три четриригодишни мандати едноподруго по Втората светска војна. Станува збор за Конрад Аденауер, првиот повоен лидер на Германија и Хелмут Кол кој ја водеше земјата за време на реунификацијата во 1990 година. Меркел по изборната победа изјави:

„Само би кажала дека сум среќна и среќата ќе ни даде сила да создаваме на најдобар начин во претстојните години. Имаме голема одговорност, но ние сигурно можеме да се справиме со тоа Ќе направиме се што можеме и наредните четири години да бидат успешни за Германија“, рече канцеларката.

59-годишната Меркел се смета за една од најзалужните за тоа што германската економија остана силна и со мала стапка на невработеност од околу 7 насто.

Тоа ја одвои нејзе од другите лидери на земјите како Ирска, Португалија, Италија, Грција, Шпанија и Франција кои беа принудни да ги напуштат функциите поради нивното лошо справување со долговите и невработеноста.

Меркел предизвика и големи контроверзи во некои земји, како Грција на пример, со нејзиното инсистирање финансиските пакети за спасување на Европската унија да бидат условени со остри мерки за штедење и со тешки реформи.

Изборната победа на Меркел и ја честитаа голем број државници кои и порачаа да ја продолжи работата за просперитетна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG