Достапни линкови

Беззабата Европска унија


Јавноста во Европа е многу скептична во врска со секаква воена интервенција во Сирија. Ова го покажува редовното испитување на јавното мислење Трансатланстки трендови што секоја година го спроведува Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави. Годинава испитувањето беше фокусирано врз Блискиот Исток.

Околу 70 насто од испитанците во 10 земји на Европската унија плус Турција се изјаниле против употребата на сила во Сирија.
Трансатлантските трендови покажуваат дека британскиот премиер Дејвид Камерон ја потценил растечката тенденција кон изолационизам, вклучувајќи и антиамериканизам, дури и во сопствената партија.

„Трендовите покажуваат дека европската јавност не верува во употребата на сила“, вели Јан Лесер, директор на Германскиот Маршалов фонд, оценувајќи дека тоа ќе има сериозни последици за европската надворешна, одбранбена и безбедносна политика.

Европските амбиции за заедничка надворешна и безбедносна политика неодамна беа уранти откако лидерите на двете најважни воени сили во Европската унија, Британија и Франција, не успеаа да добијат поддршка кај нивната јавност за воен удар врз Сирија.
Дејвид Камерон, премиер на Британија

Дејвид Камерон, премиер на Британија


Трансатлантските трендови покажуваат дека британскиот премиер Дејвид Камерон ја потценил растечката тенденција кон изолационизам, вклучувајќи и антиамериканизам, дури и во сопствената партија.

Во Франција, пак, истражувањето покажа дека 65 насто од анкетираните се противат на секаква интервенција. Германија каде што канцеларката Ангела Меркел на неделните избори ќе се обиде да добие трет мандат не ни покрена некаква дебата за употреба на сила врз Сирија.
Трендовите покажуваат дека европската јавност не верува во употребата на сила.

Но, не само што Европјаните на се за воени опции, туку, според истражувањето, тие не се ни за некакво подлабоко дипломатско мешање во Сирија.

Конечно, рускиот претседател Владимир Путин, остро критикуван од Вашингтон за блиските врски со Дамаск, беше тој кој ја зеде главната дипломатска улога и предложи меѓународна контрола на сириското хемиско оружје.

Овие трендови покажуваат на една нова Европа на која и недостига сериозна дипломатска решеност, што, според експертите, не е многу утешно ни за администрацијата на Барак Обама.

Можеби Европа станува поскептична, но, според извештајот, и кај Американците исто така расте противењето на употребата на сила, барем што се однесува до Сирија. Годинава против биле 62 насто од анкетираните, за разлика од ланските 55 проценти.

Затоа не е изненадување што претседателот Обама го одложи гласањето во Конгресот за акција врз Сирија.

Ваквата аверзија, според аналитичарите, може да го рефлектира растечкото сфаќање дека воената сила чини скапо и има многу ограничени резулати. Со сила може да се соборат диктатори како во случајот со Ирак, Либија, Авганистан.

Но сегашната нестабилност во трите земји, како што покажа годинашниот извештај за Трансатлантските трендови, го охрабри скептицизмот меѓу Европјаните и Американците кон употребата на сила.

Експертите веруваат дека доколку Европјаните продолжат да одбиваат во силата да гледаат како на последна опција за поддршка на дипломатијата, тогаш надворешната политика на Унијата и натаму ќе биде без заби.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG