Достапни линкови

logo-print

Европејците ја губат довербата во ЕУ


Пет години откако финансиската криза ја погоди Европа, кај граѓаните на Европската унија расте претпазливоста за телото кое треба да им обезбеди економски придобивки. Довербата кај јавноста во ЕУ, според најновата анкета на Пју Истражувачкиот Центар со седиште во Вашингтон, годинава падна на рекордно ниско ниво.

„Европската унија е новиот болен човек на Европа. Напорите во изминатиот половина век да се креира пообединета Европа сега се директна жртва на еврокризата. Европската унија има се полоша репутација во поголемиот дел на Европа“, се наведува во резултатите од истражувањето на Пју Центарот.

Поддршката падна во пет од осумте земји каде што беше спроведена анкетата. Се на се, рејтингот на Европската унија падна на 45 насто. Лани таа изнесуваше 60 проценти.

Резултатите сугерираат дека гласачите во Унијата би можело да се против натамошниот трансфер на власта врз институциите на Европската унија.

Извештајот дава црна слика за долготрајната економска криза и нејзините демотивирички ефекти врз европското јавно мислење.

И Грците и Германците за себе мислат дека се најсигурни и најмногу сочувствуваат со другите, а најмалку се арогантни. Најмногу пак, кажува фактот дека токму Германците сметаат оти Грците најмалку сочувствуваат со другите. Исто такво мислење Грците имаат за Германците.
Никаде толку брзо не падна довербата за Унијата како во Франција, очигледно поради наглиот пораст на невработеноста во таа земја. Годинава само 41 отсто од Французите изјавиле дека се за Унијата што од минатата година е пад од 19 процентни поени.

Од друга страна, во Германија и натаму 60 отсто од испитаниците рекле дека имаат доверба во Европската унија.

Истражувањето откри дека освен губењето на вербата во идејата за обединување, Европејците исто така чувствуваат дека се изневерени од нивните лидери.

„Европејците губат верба во капацитетот на нивните сопствени национални лидери дека можат да се справат со економските тешкотии“.

Ова особено е изразено во Франција каде што 67 отсто од граѓаните мислат дека претседателот Франсоа Оланд не може да ги реши големите економски проблеми.

И граѓаните во другите земји истото го мислат за нивните лидери, освен за германскиот канцелар Ангела Меркел која и натаму ужива популарност не само дома, туку и надвор од земјата.

Меркел, за нејзиното справување со економската криза, има поддршка во пет од осумте земји каде што беше спроведено истражувањето.

Еден од позитивните знаци е јавната поддршка за еврото, која и натаму е многу силна. Во Грција, Шпанија, Германија, Италија и Франција, 60 насто од испитаниците рекле дека сакаат еврото и натаму да се користи.

Пју Центарот ги истражуваше и популарните стереотипи, односно што Европејците мислат за себе, но и едните за другите.

И Грците и Германците за себе мислат дека се најсигурни и најмногу сочувствуваат со другите, а најмалку се арогантни.

Најмногу пак, кажува фактот дека токму Германците сметаат оти Грците најмалку сочувствуваат со другите. Исто такво мислење Грците имаат за Германците.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG