Достапни линкови

ЕУ со единствен супервизор врз банките


Лидерите на Европската унија на состанокот во Брисел, како што изјавија, постигнале напредок во поддршката и контролата врз банките. На самитот е ослободена новата транша од спасувачкиот пакет за Грција со што, според претседателот на Унијата Херман Ван Ромпуј, се потврдува неповратноста на еврото.

Лидерите на 27 членки на Европската унија постигнаа согласност Европската централна банка да биде главен супервизор на банките во еврозоната. На овој чекор се гледаше како на клучен дел од чистењето на банкарскиот сектор кој ќе води кон завршување на финансиската криза во Европа.
Оваа година беше екстремно тешка, посебно за повеќето ранливи сектори во општествата. Но, всушност ние се справуваме со корените кои доведоа до проблемите. Јавните финасии стануваат подобри, конкурентноста се подобрува, финансискиот сектор почнува да се чисти, архитектурата на управување напредува.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека таканаречениот Единствен надзорен механизам врз банките претставува важен чекор напред.
Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на маргините на самитот во Брисел

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на маргините на самитот во Брисел


„Тоа ќе го зајакне нашиот финансиски сектор, го крши магичниот круг меѓу владите и банките, ќе помогне да се обезбеди стабилност, но и подобри кредитни услови и е од витално значење за пораст и вработување во еврозоната и пошироко.“
Дозволете ми да кажам неколку зборови за одлуката што изутрината беше донесена за Грција. Таа претставува важен чекор. Таа ќе помогне во обезбедувањето на одржливоста на грчкиот долг на среден рок и ќе и овозможи поддршка на Грција во нејзините напори да го прилагоди стопанството. Ова се силни знаци за европската солидарност со народот на Грција.

Според договореното, Европската централна банка директно ќе надгледува околу 200 големи банки во еврозоната со цел тие да ги почитуваат стандардите, да се спречи нивно затворање и да се зајкане довербата во еврото.

Откако беше постигнат договорот за единствениот банкарски супервизор, евролидерите исто така се заложија и за креирање на тело со овластување за реструктуирање или за затворање на оние банки кои имаат проблеми.

Имено, евентуалните тешкотии на некои банки би биле исплаќани од пари кои претходно за тоа ги дале самите тие.

„Оваа година беше екстремно тешка, посебно за повеќето ранливи сектори во општествата. Но, всушност ние се справуваме со корените кои доведоа до проблемите. Јавните финасии стануваат подобри, конкурентноста се подобрува, финансискиот сектор почнува да се чисти, архитектурата на управување напредува“, рече претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по маратонскиот состанок на кој беше постигната и согласност за ослободување на најновата транша од финансиската помош за Грција.

„Дозволете ми да кажам неколку зборови за одлуката што изутрината беше донесена за Грција. Таа претставува важен чекор. Таа ќе помогне во обезбедувањето на одржливоста на грчкиот долг на среден рок и ќе и овозможи поддршка на Грција во нејзините напори да го прилагоди стопанството. Ова се силни знаци за европската солидарност со народот на Грција“, изјави Херман Ван Ромпуј.

Сепак, некои евролидери предупредија оти и покрај ваквиот оптимизам изразен на самитот, во Европа се забележува забавување на моментумот за реформи. Тоа посебно откако финансиските пазари го намалија нивниот притисок врз блокот.

„Немаме голем притисок за да решаваме големи прашања. Се надевам дека подобрената ситуација на берзите нема да го намали чувството на ургентност кај владите за неопходните потези“, изјави премиерот на Финска Јурки Катаинен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG