Достапни линкови

Германски избори: Жената која ги владее сите


Малкумина политичари можат да се споредуваат со Ангела Меркел. И додека другите лидери во светот имаат скокови и паѓања, таа е постојано популарна и со голема доверба, пишуваат западните медиуми пред неделните општи избори во Германија. Можеби поради нејзиното досегашно владеење, кое некои аналитичари веќе го нарекоа меркелвелијанизам.

Ангела Меркел е генијален анестезиолог. Затоа, како што пишува весникот „Тајмс“, таа, по се изгледа ќе биде реизбрана за канцелар на неделните избори. Меркел ја намалува болката од невидените трошоци за зачувување на еврото.
Оваа авторитарна жена имплицира дека ќе се грижи за еврото исто како и во времето на неговата животна криза. Ниту еден германски даночен обврзник не почувствува ништо.

Таа знае како да не зборува ништо за некаква непријатна тема и тоа да го каже убаво. Нејзиниот начин е консензуален, а тоа пациентот го сака најмногу.

Оваа авторитарна жена имплицира дека ќе се грижи за еврото исто како и во времето на неговата животна криза. Ниту еден германски даночен обврзник не почувствува ништо, пишува „Тајмс“.

Затоа, според „Економист“ не треба да се намали и нејзината улога во зачувувањето на Европската унија. Грција не излезе од еврозоната, северноевропјаните си го платија долгот, Шпанија и другите го направија она што изгледаше неможно, спроведоа реформи.
Социјалдемократите со еврокризата завртеа многу налево и предлагаа многу похрабри чекори во нејзиното решавање од оние на Меркел. Меѓу нив зголемување на даноците за богатите, нови задравствени даноци и минимална плата.

Сегашната изборна кампања, според овој весник, е уште една епизода на Меркелвелијанизмот. Таа едвај зборуваше за домашни, европски или надворешнополитички теми. Таа зборуваше за доверба.

Нејзината порака е дека Германија е просперитетна, невработеноста е на најниско ниво во последниве 20 години и добро се справува со економската криза. Значи не е време за промени.

„Покажавме дека можеме и во тешко време, кога имавме најлоша европска криза, дека Германија е силна, Германија е мотор на порастот, Германија е сидро на стабилноста и сакам да продолжи по тој пат“, рече Меркел.

Нејзината партија, според анкетите, има стабилни 40 насто, што покажува дека пораката на Меркел е сфатена. Таа е многу попопуларна од нејзиниот главен опонент Пер Штајнбрик, од либералното крило на Социјалдемократската партија кој беше одличен министер за финансии во меркелината голема коалиција од 2005 година.

„Она што недостасува е структурна програма, она што недостасува е импулс за раст и она што недостасува е особено борбата против невработеноста на младите?“

Но, социјалдемократите со еврокризата завртеа многу налево и предлагаа многу похрабри чекори во нејзиното решавање од оние на Меркел. Меѓу нив зголемување на даноците за богатите, нови задравствени даноци и минимална плата.

Меркел можеби е во голема предност пред Штајнбрик, но во Германија владее коалиција. Бидејќи Штајнбрик нема шанси да победи со неговите традиционални партнери Зелените, постојат само три опции: сегашната коалиција на Меркел со Слободните демократи, уште една голема коалиција меѓу демохристијаните и социјалдемократите, а тоа значи Меркел да остане канцелар и, според „Економист“, најлошата од сите „црвено, црвено, зелена“ коалиција меѓу социјалдемократите, зелените и Левата партија.

Штајнбрик отфрла таква коалиција, но не и некои во неговата партија. Сепак, повеќето Германци би сакале да видат уште една коалиција меѓу главните партии. Дури и Меркел не се противи на таквата можност.

Како и да е, доколку биде избрана, според аналитичарите, таа ќе треба да притисне за повеќе реформи и во Германија и во Европа, но и за повидлива германска вклученост во решавањето на светските кризи. Продолжувањето на нејзиниот досегашен претпазлив пристап би можело да биде поопасна опција, за сите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG