Достапни линкови

Двојно повеќе се прскаат јаболката во Преспа


Расте бројот на прскања со пестициди врз јаболкниците во Преспа со цел да се заштитат од болести и штетници. По некои проценки, годишно овошните насади се прскаат и по дваесетина пати.

Од година во година расте бројот на прскања со пестициди врз јаболкниците во Преспа со цел да се заштитат од болести и штетници. По некои проценки, годишно овошните насади се прскаат и по дваесетина пати. Земјоделците не се задоволни од ефектот на препаратите што ги користат.
Пред 30 години многу помалку се прскаше. Сега воздухот е позагаден и се прска двојно повеќе отколку пред 15 години. Хемиските препарати не се како што треба.
Мише Петковски, овоштар.

„Пред 30 години многу помалку се прскаше. Сега воздухот е позагаден и се прска двојно повеќе отколку пред 15 години. Хемиските препарати не се како што треба, не се со истиот квалитет како во поранешна Југославија, не е истиот квалитет, тогаш имаше ју-стандард, сега нема таков стандард и затоа повеќе прскаме“, вели овоштарот Мише Петковски.

Експертите објаснуваат дека во Македонија е дозволена примена на пестициди кои се на зелената европска листа, но по црни канали стигнуваат и недозволиви препарати.

Има случаи во Словенија и Хрватска каде производители починале за време на третирањето поради преголема концентрација. Кај нас по одредени црни канали годинава за првпат се применија.
Ефтим Петковски, земјоделски инженер.
„Очекувањата се да се намали примената на пестицидите кои не се дозволени. Имаме увоз од други држави на црно. Има и примена на антибиотици за добитокот. Во Европа во многу земји тие се забранети, мутагени се, дератогени, а се и многу токсични. Има случаи во Словенија и Хрватска каде производители починале за време на третирањето поради преголема концентрација. Кај нас по одредени црни канали годинава за првпат се применија“, вели Ефтим Петковски, земјоделски инженер.

Од УНДП спроведуваат долгогодишна програма за намалување на влијанието на земјоделството врз Преспанското Езеро. Раководителот на проектот Драган Сековски вели:

„Испитувањата на квалитетот на водите покажуваат дека многу од препаратите и материите кои се користат во земјоделството ги наоѓаме во водата, нема каде да одат. Пестициди, од вештачките ѓубрива, фосфор, азот. Бидејќи сите земјоделски активности се случуваат во близина на сливот на езерото, со врнежите преку површински и подземни канали доаѓа до езерскиот систем. Параметрите отскокнуваат од стандардите што се за здрави еко системи во добра состојба“, вели Сековски.

Од УНДП во иднина ќе делат грантови за земјоделци кои ќе користат агроеколошки мерки во овоштарството со цел да се намали загадувањето на Преспанското Езеро.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG