Достапни линкови

Битолските пчелари се жалат дека производството на органски мед носи повеќе трошоци отколку заработувачка. Поради немањето пласман неможат да ги покријат скапите трошоци за производството на органски мед.

Органското или еколошкото производство на здрав мед носи повеќе трошоци отколку заработувачка, се пожалија битолски пчелари. Тие велат дека работат на работ на профитабилноста зашто се изложени на поголеми трошоци одошто оние кои го применуваат класичниот или конвенционалниот тип на пчеларство. Тоа е последица на големата оддалеченост на еколошки чистите терени, послабата продуктивност на инсектите, недостатокот на органска храна на пазарот за прихрана и ниската продажна цена на медот.
Значи треба да биде лоцирано на природни, чисти површини каде нема никакво загадување. Поради тоа што пчелариме во чисти терени кај нас се зголемуваат трошоците за превоз


,,Органското производство мора да биде лоцирано, оддалечено на неколку километри од конвенционалните пчелари, од површините со пченица, со градинарски култури каде се употребуваат пестициди, хербициди, од патиштата каде има голем промет, превоз, транспорт. Значи треба да биде лоцирано на природни, чисти површини каде нема никакво загадување. Поради тоа што пчелариме во чисти терени кај нас се зголемуваат трошоците за превоз."

објаснува Петар Василевски, долгогодишен пчелар од Битола.
Наспроти ова, продуктивноста на пчелите е помала зашто не употребуваат хемиски средства, заштитата на инсектите се врши на природен начин, со мравја и оксална киселина. Воедно и прихранувањето не е со обичен шеќер како кај конвенционалното производство, а органскиот го нема на домашниот пазар, па мораат да оставаат поголеми залихи на мед за да ги прихранат печлите преку зимата. Сепак, најголемиот проблем го имаат со пласманот, зашто скоро и да нема извоз за странство, а на домашниот пазар слаба е побарувачката.
Ние го продаваме исто колку и медот од конвенционалното производство. Тоа е многу ниско

,,Ние нашиот чист органски мед што го произведуваме не можеме да го продадеме по повисока цена која на пример важи надвор од нашата земја, во Европа каде е двапати повисока во однос на сегашната цена. Ние го продаваме исто колку и медот од конвенционалното производство. Тоа е многу ниско."

додава Василевски.
Еден килограм мед се продава по 200 денари. Така, еден пчелар одгледува најмалку по 50 пчелни семејства, а месечните приходи не се повисоки од 9000 денари. Пчеларите велат дека тие не се доволни да ги покријат трошоците и да ја наплатат мак аташто ја вложиле. Поради ваквите состојби мал е бројот на пчелари кои професионално се занимаваат со оваа работа.

,,Како што знаеме и во нашата држава интересот кај младите луѓе е многу мал за пчеларство. Не е продуктивно, сака повеќе работа и посветеност."

вели пчеларот Владе Козаревски од Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG