Достапни линкови

Био-производите на цена


Трката за профит го претвори земјоделството во индустриско производство, a употребата на хемикалии остава трајни последици и врз потрошувачите и природата.

Денешното земјоделство ги претвори полињата во одреден облик на индустриско производство. Единствена цел е од земјата да се извлече колку што е можно повеќе. Ваквиот приод се темели на нерационална употреба на хемикалии кои оставаат трајни последици и врз природата. Ова се согледувањата и на луѓето кои продаваат прозводи на пазарите:

„Нешто што изгледа поголемо може да е прскано. Тоа што е поситно, тоа е на природна база, нормално е тоа. Еве како јаболково, имаме ние јаболка не ги прскаме и природно е поситно и со црвчиња да кажам.“

Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци вели дека законите релулираат кое е прифатливо ниво на употреба на пестициди. Исто така и еколошките производи се посебно контролирани и носат посебна ознака што на потрошувачите им дава сигурност. Но, тој се согласува дека производите кои може да се најдат на пазарите не секогаш им влеваат доверба на
Има доста земјоделци што ги почитуваат тие препораки, но има и доста земјоделци што во борбата за постигнување што повисока цена не ги почитуваат тие препораки.
купувачите во нивниот состав и нагласува дека тука клучна улога треба да има земјоделската инспекција:

„Има доста земјоделци што ги почитуваат тие препораки, но има и доста земјоделци што во борбата за постигнување што повисока цена не ги почитуваат тие препораки.“

Трката за профит и зголемената употреба на пестициди доведоа до драстично намалување на бројот на селски стопанства. Но, модерната наука утврди дека голем број болести имаат директна врска со храната која ја јадеме. Повторно се сфаќа дека соработката со природата наместо нејзиното уништување дава многу подобри резултати, велат некои од граѓаните:


„Отиди во Богданци - навечер нема домати, утрото стани има домати. Всушност ги прскаат и сабајлето одма поцрвенуваат.“

„Кога живеевме на село како мали, немаше прскање и такви работи, а сега сме индустриски работници не произведуваме ништо.“

Еколошкото земјоделство со низа мерки тежнее кон еколошки чисто и етички по прифатливо земјоделско прозводство. Тантаров вели дека, како што сега стојат работите, овој тип производство чини поскапо од конвенционалниот начин, иако на долгорочни патеки е многу
Отиди во Богданци навечер нема домати, утрото стани има домати. Всушност ги прскаат и сабајлето одма поцрвенуваат.
поисплатливо:

„Друго е производство третирано со хемиски препарати, друго е производство добиено без третирање со хемиски препарати што е скапо за потрошувачите, но и скапо за оној што го произведува бидејќи приносите може да бидат 30 до 60 пати помали од тие приноси што се добиваат од тоа комерицијално произведство.“

Инаку не е можно веднаш да се премине од конвенционално на еколошко производство. Нужен е преоден период од неколку години за да може земјата да се исчисти од употребуваните пестициди.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG