Достапни линкови

Вештачки ѓубрива и пестициди со лош квалитет на македонскиот пазар


Од земјоделскиот инспекторат соопштија дека се спроведуваат строги контроли и досега се откриени 87 тони увезено вештачко ѓубре со квалитет три пати послаб од декларираниот.

Земјоделци од битолскиот и преспанскиот регион се жалат на квалитетот на вештачките ѓубрива и пестицидите кои ги користат во земјоделието и овоштарството.

Имам земено вештачко ѓубре три пати да треба да го фрлиш по нивата за да го добиеш потребниот резултат. Во Преспа, пак, имам овоштарници. Со пестицидите за заштита на овошките од штетници уште е полошо, по неколку пати ги прскаме и пак не можеме да ги заштитиме.
„Имам земено вештачко ѓубре три пати да треба да го фрлиш по нивата за да го добиеш потребниот резултат. Во Преспа, пак, имам овоштарници. Со пестицидите за заштита на овошките од штетници уште е полошо, по неколку пати ги прскаме и пак не можеме да ги заштитиме“, вели земјоделецот Ламбе Чороволвски.

Од земјоделскиот инспекторат соопштија дека се спроведуваат строги контроли и досега се откриени 87 тони увезено вештачко ѓубре со квалитет три пати послаб од декларираниот.
Повторно е најдено вештачко ѓубриво со незадоволителен квалитет. Повторно ѓубрето е од Србија.

„Повторно е најдено вештачко ѓубриво со незадоволителен квалитет. Повторно ѓубрето е од Србија. При увозот, увозникот самиот зел примероци, го однел во лабораторија во Скопје и добил исправни резултати. Ние потоа зедовме пак мостри и се покажа дека квалитетот не е како во декларацијата. Во минатото, 30 години немаме добиено негативен резултат од одредени лаборатории. Очигледно дека после ова тука ќе има работа и за Министерство за внатрешни работи и за организиран криминал“, вели Румен Стојменов, директор на инспекторатот.

При контролите откриле и пестициди за овоштарството со квалитет што не соодветствувал на декларираниот. Одзеле 6.500 литри течни средства за заштита и над 2.000 килограми прашкаста материја. Увозниците на пестициди сами го продолжувале рокот на траење на препаратите.

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски најави донесување на закони кои ќе внесат поголем ред во фито-санитарниот сектор.

„Правилно користење, складирање и продавање на семенски материјал. Закони кои ќе обезбедат гаранција дека земјоделецот ќе купи исправен семенски материјал, вештачки ѓубрива и хемиски препарати за третирање на лозовите насади, овошките, житните култури. Тоа се три закони кои Министерството за земјоделство ќе ги донеси до крајот на година: Закон за фито-препарати, Закон за фито-медицина и Закон за подобрување на својствата на вештачкото ѓубриво“, изјави Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG