Достапни линкови

logo-print

Дали храната во Македонија е безбедна?


Употребата на пестициди и хемиски средства е во дозволеното количество, со што храната што ја јадеме е пристојно здрава, велат стручњаците.

Храната што ја јадеме во Македонија е пристојно здрава и безбедна, со генерално правилна употреба на пестициди и хемиски средства за заштита на растенијата произведена во начелно чиста средина, порачуваат стручњаците за заштита на растенијата од науката и инспекциските служби.
Сите забранети препарати веќе не се дозволува на пазарот во Македонија да се дистрибуираат, сите се од зелената листа, се применува анекс еден за дозволените препарати од Европската Унија

,,Сите забранети препарати веќе не се дозволува на пазарот во Македонија да се дистрибуираат, сите се од зелената листа, се применува анекс еден за дозволените препарати од Европската Унија. Можам да потврдам дека сите земјоделци употребуваат препарати кои не се толку голем ризик за безбедноста на храната."

вели Ментор Зеќири, директор на Фитосанитарната управа. Сепак сеуште има канали преку кои на црно се увезуваат и користат недозволените препарати за заштита, поради пониските цени.

,,До сега постоеа такви препарати, со оглед дека новиот закон за пестициди стапи во 2007 година, кога им беше даден период од две години на сите увозници на пестициди од Индија, Кина и Египет, да ги потрошат постојните резерви, значи дека спомнатите земји се места од каде се внесуваат сомнителни производи за заштита и здравјето на растенијата. Но, со новиот закон и принципиелната работа на комисијата за контрола, мислам дека овие недостатоци ќе бидат еднаш за секогаш решени, зошто долгорочно страда
Големи количини посебно на грозје, вино, јаболка и други продукти кои ги пласираме на пазарите на Европската Унија се вратени поради третманот со пестициди и продукти што не се наоѓаат на анекс еден листата на Европската Унија
нашето производство, големи количини посебно на грозје, вино, јаболка и други продукти кои ги пласираме на пазарите на Европската Унија се вратени поради третманот со пестициди и продукти што не се наоѓаат на анекс еден листата на Европската Унија."

вели Звонко Пацаноски, професор на Земјоделскиот факултет во Скопје, кој ја отвори дилемата дали воопшто може да постои органско производство на храна, без никаква употреба на пестициди, произведено во идеално здрава животна средина, или тоа е само квази мит за богатите.

,,Не Македонија, туку светот се соочува со недостаток на храна. Органското производство е еден од можните начини за производство на храна. Но, тоа не го достигнува биолошкиот и генетскиот потенцијал на културите, можеби само со 50-60 проценти, само економски развиените земји можат да си дозволат помало производство на храна. Но, масата во светски рамки, каде спаѓаме и ние, може да имаме дел од вкупното производство категоризирано како органско, во кое ќе се следат стандардите на органското производство. Ние не одиме само во таа насока, туку се движиме кон интегрално производство, со примена на сите можни мерки кои нема да ја загрозат безбедноста на крајниот производ, од фитосанитарен аспект, значи дека ќе ги применуваме активните материи кои се безбедни и добиле дозвола од Европската комисија да бидат регистрирани, да не ја загадуваат животната средина и да не се токсични, под услов ако се употребуваат правилно, во спротивно може да бидат отров."

вели Станислава Лазаревска, претседател на Здружението за заштита на растенијата на Македонија, што во Охрид го организира 35-тиот меѓународен семинар од оваа област, на кој експерти и производители на заштитни препарати од државава и регионов, разменуваа искуства од оваа област, каде во примената на Европските стандарди и регулатива има напредок, Македонија, Србија и БИХ се на почетокот, а најдалеку е стигната Хрватска.
XS
SM
MD
LG