Достапни линкови

ЗНМ против кабинетски седенки


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека здружението го проучува предлог-законот за медиуми и спроведува дебата меѓу членството и оти до крајот на месецов, нивните забелешки ќе бидат доставени до владата.

Ако министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски сака да ги чуе забелешките на ЗНМ за предлог-законот за медиуми нека организира јавна дебата и ние ќе дојдеме да ги кажеме, вели претседателот на новинарското здружение Насер Селмани и додава дека ЗНМ нема да дискутира за законот на „кабинетски собиранки“.
После ќе седнеме, ќе ги сумираме тие забелешки и во предвидениот рок до крајот на месецов ќе ги доставиме. Министерот не треба да се грижи, ќе ги добие нашите забелешки.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Неговата реакцијата следи откако министерот Ивановски во саботата повторно го повика ЗНМ на разговори за нацрт-законот за медиуми.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та, на 24 декември 2012 година.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та, на 24 декември 2012 година.

Селмани вели дека ЗНМ го проучува предлог-законот и спроведува дебата меѓу членството и оти до крајот на месецов, нивните забелешки ќе бидат доставени до министерството.
Мислам дека нема потреба од никакво избрзување и влегување во дијалог, затоа што во овој момент тоа може да биде злоупотребено и ЗНМ да биде изманипулирано.[...] Сета оваа работа не треба да биде оптоварена со рокови, туку напротив, она што тие што ги претставуваат новинарите и медиумите го зацртале, да си го спроведат и потоа да се оцени какви ќе бидат понатаму релациите со предлагачите на законот.
Роберт Поповски, новинар, поранешен претседател на ЗНМ.

„После ќе седнеме, ќе ги сумираме тие забелешки и во предвидениот рок до крајот на месецов ќе ги доставиме. Министерот не треба да се грижи, ќе ги добие нашите забелешки“, вели Селмани.

На нашето прашање, што ако владата реши да го донесе законот без да ги прифати предлозите на ЗНМ, Селмани вели дека нивно е да ги достават забелешките, а дали и каков закон ќе биде донесен е одговорност на владата.

РСЕ: Пред неколку дена изјавивте дека е најпаметно владата да го повлече законот. Очекувате ли дека тоа може да се случи?
Илустрација.
Илустрација.

„Апсолутно. Ние не знаеме што ќе направи владата, ние знаеме што треба да се направи. Законот да се повлече, да се пушти измена и дополнување на Законот за радиодифузија каде што ќе се вгради директивата, а за останатиот дел од законот да отвориме јавна дебата, без брзање, инклузивна, каде што ќе бидат вклучени сите луѓе, да утврдиме кои се проблемите и како треба да ги решиме. И ние и Европската комисија даваме дијагноза за состојбата со медиумите, но во овој закон нема ни еден одговор на забелешките на ЕК кои ги повторува секоја година“, вели Селмани.

Во однос на враќањето на дијалогот со ЗНМ, Селмани вели дека власта прво има „домашна задача“ што треба да ја заврши, односно да го расчисти инцидентот со исфрлањето на новинарите од Собранието при носењето на буџетот за 2013 на 24 декември минатата година.

Долгогодишниот новинар и поранешен претседател на ЗНМ Роберт Поповски вели дека новинарските здруженија треба да продолжат со досегашната стратегија – серија дебати за законот, но меѓу новинарите, а не со владата. Не треба да се чувствува никаква оптовареност со рокови за завршување на дебатата, вели Поповски.

„Мислам дека нема потреба од никакво избрзување и влегување во дијалог, затоа што во овој момент тоа може да биде злоупотребено и ЗНМ да биде изманипулирано. Притоа е особено значајно што во целата оваа акција не учествува само ЗНМ, туку тоа се четири организации, заедно со Македонскиот институт за медиуми, Центарот за развој на медиуми и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и сите тие заедно го имаат оној кредибилитет на крај, по целата оваа постапка, да се произнесат и да го кажат финалниот став. Сета оваа работа не треба да биде оптоварена со рокови, туку напротив, она што тие што ги претставуваат новинарите и медиумите го зацртале, да си го спроведат и потоа да се оцени какви ќе бидат понатаму релациите со предлагачите на законот“, вели Поповски.

Поповски вели дека не би бил изненаден владата да го донесе законот, без разлика на тоа каков ќе биде одекот кај, како што вели, сериозниот дел од новинарската заедница.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG