Достапни линкови

Слободата на медиуми тоне


Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та на 24 декември 2012 година.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та на 24 декември 2012 година.

Крајно време е Владата да се отрезни и сериозно да ги сфати овие предупредувања коишто доаѓаат од надвор, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

После толку лош извештај за слободата на медиумите во Македонија, најзагрижена треба да биде Владата, порачува првиот човек на Здружението на новинари Насер Селмани. Жално е што ние новинарите се навикнавме на вакви извештаи и воопшто не реагираме, вели Селмани по најновиот извештај на Фридом хаус, според кој Македонија е најниско рангирана земја во регионот и од ланскиот извештај бележи пад за пет места.
Дури и да е лоша перцепција однадвор, јас мислам дека Владата треба да биде сериозно загрижена. Она што мене најмногу ме загрижува е односот на власта. Таа не само што не сака да ја поправи оваа лоша перцепција или овој лош имиџ што го има Македонија во светот за слободата на изразувањето, туку таа упорно работи во спротивен правец. Доказ за тоа е постапката, начинот и содржината на Законот за медиуми кој Владата сака да го донесе. Јас ви гарантирам дека ако Владата не отстапи од намерата да донесе ваков закон, следната година Македонија ќе се дружи со најнеслободните земји по слобода на изразување.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

„Дури и да е лоша перцепција однадвор, јас мислам дека Владата треба да биде сериозно загрижена. Она што мене најмногу ме загрижува е односот на власта. Таа не само што не сака да ја поправи оваа лоша перцепција или овој лош имиџ што го има Македонија во светот за слободата на изразувањето, туку таа упорно работи во спротивен правец. Доказ за тоа е постапката, начинот и содржината на Законот за медиуми кој Владата сака да го донесе. Јас ви гарантирам дека ако Владата не отстапи од намерата да донесе ваков закон, следната година Македонија ќе се дружи со најнеслободните земји по слобода на изразување,“ изјави Селмани.

Според Селмани, единственото решение за надминување на овие состојби во медиумите е дијалогот на новинарите со власта.

„Мислам дека е крајно време Владата да се отрезни и сериозно да ги сфати овие предупредувања коишто доаѓаат од надвор“, вели Селмани.
Ова се последни аларми коишто треба да не мотивираат и ангажираат за сите како општество да направиме сериозни чекори во правец на подобрување на состојбите.
Билјана Петковска, директорка на МИМ.

Најновиот извештај на Фридом хаус само потврдува дека нема никаков напредок во процесот на решавање на проблемите во медиумскиот простор во земјава, реагира директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска. Без темелни реформи кои ќе ги остават медиумите да дишат самостојно и независно од државата и политиката не може да очекуваме прогрес во слободата на медиумите, вели Петковска.

„Ова се последни аларми коишто треба да не мотивираат и ангажираат за сите како општество да направиме сериозни чекори во правец на подобрување на состојбите“, вели Петковска.

За главниот уредник на Утрински весник, Соња Крамарска, падот на Македонија од 115 на 120 место во однос на слободата на медиумите, не е изненадувачки со оглед на амбиентот во медиумскиот простор веќе подолго време. Сепак овој податок треба да ги загрижи и новинарите и власта, зашто за земја која се бори за меѓународна афирмација не и оди во прилог информацијата дека земјава е оценета како една од најлошите на Балканот во однос на слободата на медиумите.

„Овде слушам постојано за некаква самоцензура, тоа не е проблем само на државата, тоа е проблем и на самите новинари, треба да се ослободат од тоа и да сфатат дека во раце држат едно моќно оружје коешто треба да се користи адекватно на нивното знаење, на нивниот професионализам и треба да даде резултат којшто е посакуван во едно општество“, вели Крамарска.

Македонското новинарство е доведено во наметната ситуација да се занимава самото со себе, велат претставниците на оваа фела. Истакнуваат дека значителен дел од новинарските имиња станаа политички фактори кои ги злоупотребуваат медиумите, а тоа не е новинарство.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG